Барем наутро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барем наутро
АвторВиолета Бојковска
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2019
Медиумпечатено издание, 185×120 mm
Страници75
ISBN978-608-4869-12-2

„Барем наутро“ — збирка раскази од македонската писателка Виолета Бојковска, објавена во 2019 година од издавачката куќа Бегемот во рамките на библиотеката „Наше маало“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 11 раскази:[2]

  • Корангал
  • Сонце
  • Љубов на Кек
  • Спекуло
  • Бела
  • Митологијта на ти
  • Крадец
  • Бамбус на неверството
  • Ѕидар
  • Дома
  • Легенда за лудилото

За делото[уреди | уреди извор]

Во својот осврт кон делото, Александар Прокопиев напишал дека имагинарното, структурирано во конкретни простори и ситуации ја обвива оваа збирка со атмосфера слична како кај современите јапонски раскажувачи. Неочекуваното и очекуваното, надворешното и внатрешното се преплетуваат во „доживувањата“ на ликовите кои говорат во некоја определена животна рамка, но со различен јазик. Писмото на Виолета Бојковска има авторска препознатливост и засебен свет. Оваа куса, но впечатлива збирка раскази со чудна топографија (како во некои книги на Калвино) нуди читателско уживање во пишувачката умешност на авторката Бојковска, во нејзината потрага по затскриените чинови на денешното човеково однесување, кон светот, но и кон себе.[2]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 75 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-12-2. Таа е испечатена во печатницата Графоден во тираж од 500 примероци, а издавањето на книгата било финансиски помогнато од министерството за култура. Графичкото уредување го направила Наталија Луковска.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Барем наутро “
  2. 2,0 2,1 2,2 Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019.