Баракуда (Sphyraena) ― семејство на големи грабливи морски риби од редот зракоперки, познати по нивниот застрашувачки изглед и свирепо однесување.[1]Sphyraena е единствениот род во семејството Sphyraenidae, кои се наречени по Константин Семјуел Рафинеск во 1815.[2] Овие риби живеат во тропските и суптропските океани низ целиот свет, од источната граница на Атлантскиот Океан до Црвеното Море, западната граница на Карипското Море и тропските региони на Тихиот Океан. Баракудите остануваат близу до површината на водата и во близина на корални гребени и корита со морска трева.[3]
Баракудите имаат змиски изглед, со истакнати, остри заби слични на оние на пираните. Сите заби се со различна големина, поставени во големите вилици на баракудата. Тие имаат големи, зашилени глави. Нивните жабрени обвивки се покриени со ситни лушпи. Нивните две грбни перки се широко одвоени, при што предната перка има пет боцки, а задната перка има еден. Задната грбна перка е слична по големина на аналната перка, и се наоѓа над неа. Страничната линија е истакната и се протега право од главата до опашката. Градните перки се поставени ниско на страните. Овие риби се брзи и агилни, и имаат и две одделни грбни перки, продолжена долна вилица и голема уста со многу големи, остри заби.[4]
Во повеќето случаи, баракудите се темно сиви, темно зелени, бели или сини на горниот дел од телото, со сребрени страни и бел стомак. Бојата варира во зависност од видот. Кај некои видови, од секоја страна се појавуваат неправилни и неорганизирани црни точки или низа потемни линии. Нивните перки можат да бидат жолтеникави или темни. Баракудите живеат главно во океаните, но одредени видови, како што е големата баракуда, живеат во солена вода.
↑Millburn, N. „The Great Barracuda's Diet“. Animals - PawNation. Архивирано од изворникот на 3. 12. 2013.Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: користи параметар authors (link)
↑„Barracuda | fish“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 3. 5. 2019.Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)