Баптистичка црква во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Баптистите во Македонија се приврзаници на баптистизмот кој претставува реформистичко движење од 17 век, а во Македонија почнал да се шири од 1892 година од мисионери дојдени од Англија. Баптистите се застапници на Библијата и правото на нејзино лично толкување.[1]. Потоа во Македонија од 1928 година дејствува Баптистичкиот сојуз на Југославија Христијанска баптистичка црква „Радосна вест“ (ХБЦ) со седиште во Скопје има околу 100 членови, организирани во локални заедници во Скопје, Радовиш, Струмица, Муртино и Банско.[2] Христијанска црква „Божји Глас“ со седиште во Скопје истотака има околу 100 членови, организирани во локални заедници во Скопје, Прилеп, Охрид и Битола.

Баптистите во Македонија[уреди | уреди извор]

Баптистите во Македонија се појавуваат како одговор на забраната на Евангелско -Методистичката црква, единствента евангелско протестантска црква во Македонија во рамките на Кралството Југославија во 1925 година. Две групи верници одлучуваат да се припојат кон Баптистичката црква на Југославија која била легална.

Првото крштевање било одржано во Скопје 1928 година и со тоа била создадена првата баптистичка црква во Македонија, а во 1930 година била создадена црквата во Радовиш. По осамостојувањето од Југославија во 1991 година, бил создаден Сојузот на Христијаните баптисти во Република Македонија.[3]

Христијанска црква „Божји глас“ била започната со одлука на Сојузот на Христијаните баптисти во Република Македонија на 10 декември 1998 година во скопската населба Кисела Вода. Црквата во 2000 година прераснала во самостојна, земајќи го називот Христијанска Црква „Божји глас“. Има три независни месни заедници во Скопје, Прилеп и Битола, кои се управувани од свои месни црковни одбори, а нивното дејствување го координира Сојузот на Христијанска Црква „Божји глас“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wallis, Roy (Ed.), Salvation and Protest: Studies of Social and Religious Movements, St. Martin’ Press, New York, 1979
  2. Адресар на верските заедници во Република Македонија, МЦМС, Скопје, 2006
  3. Јоновски, Јован (2008). Баптизам у Македонији: од почетaка до осамостаљивања македонског баптистичког савеза 1991. године. Нови Сад: Протестантски теолошки факултет. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  4. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.

Поврзано[уреди | уреди извор]