Банзин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бањска архитектура во Банзин

Банзин (германски: Bansin) — најзападниот дел од општината и морското одморалиште Херингсдорф во Мекленбург-Западна Померанија, Германија, на источниот брег на островот Узедом, околу пет километри северозападно од полскиот град Свиноујшќе. Банзин е едно од најпопуларните одморалишта на германскиот балтички брег и претставува посебна единица во општината Херингсдорф.

Покрај песочните плажи на балтичкиот брег, Банзин е близу езерата Шлонско Езеро, Шмоленско Езеро, Готенско Езеро, како и Големото и Мало Кребско Езеро.

Германскиот цар Вилхелм II го посетил Банзин неколку пати поради одмор. Еден од познатите луѓе кој поседува своја летна куќа во Банзин бил и астрономот Фридрих Зимон Архенхолд.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°58′N 14°09′E / 53.967° СГШ; 14.150° ИГД / 53.967; 14.150