Бандолеро!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бандолеро! (англиски: Bandolero! ) - американски филм од 1968 година, во режија на Ендрју Меклаглен (Andrew V. McLaglen). Главните улоги ги играат: Џејмс Стјуарт (James Stewart), Дин Мартин (Dean Martin) и Ракел Велч (Raquel Welch ).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мејс Бишоп (го игра Стјуарт), преправен како џелат, пристигнува во мал град во Тексас, каде е затворен неговиот брат (го игра Мартин), заедно со другите припадници на бандата. Кога треба да го изврши бесењето, Мејс скришно му подава на брат му револвер и така припадниците на бандата успеваат да избегаат. Шерифот веднаш организира потера по бегалците, а во меѓувреме, Мејс ја ограбува банката и го напушта градот. Бегајќи од потерата, бандата бега во Мексико. Таму, бандата на браќата Бишоп и шерифот ги здружуваат силите во борбата против една мексиканска банда.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]