Бандера-Бошавица (Демир Капија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бандера-Бошавица — храм и некропола од римското време на подрачјето на градот Демир Капија. На утоката на Бошава во Вардар се откриени делови од архитектонска декоративна пластика, од монументален објект. Се работи за базиси од столбови (јонски тип), делови од архитравни греди со венец, еден јонси капиител, како и неколку натписи од II-IV век. Најдени се и гробови „на две води“ со конструкција од тегули во кои покојниците биле инхумирани и кремирани.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069