Прејди на содржината

Балшиски натпис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж на целата колона според археологот Камило Прашникер

Балшискиот натпис или Главеничкиот натпис (албански: Mbishkrimi i Ballshit, германски: Ballshi-Inschrift, латински: Ballshi inscriptio) — епиграф произведено во времето на владеењето на прабугарскиот кнез Борис I. Балшискиот натпис е единствениот натпис во тој период којшто го документирало крштевањето на Борис I и христијанизацијата на Бугарија.[1] Името на натписот си го добива со тоа што било откриено во градот Балш, Албанија. Денешната местоположба на натписот е непознат но се претпоставува дека се чува во музеј. Денешното значење на натписот е злонамерно искористено од страна на бугарски невладински организации како доказ на присуството на вештачко бугарско малцинство во Албанија и се користи како дел од бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Еден од можните први спомнувања на натписот било во еден од делата на тогашниот охридски архепископ Димитар Хоматијан, тој во неговото житие за Климент Охридски истакнал како во Главеница, стар термин за градот Балш, имало камени остатоци со натпис за прекрстувањето на турските прабугари. Не е конкретно потврдено дали тоа било за балшискиот натпис но голем дел од историчарите во русофилската бугарска историографија го сметат како потврда за постоењето на натписот.[3] Во декември 1917 година или според некој наводи во 1918 година,[4] за време на првата светска војна војници од Австроунгарската армија откриле во старата христијанска црква „Св. Богородица“ околу денешниот град Балш откриле стар натпис со две страни, едно напишано во латински додека другото било напишано со грчки. Кога било откриено бугарската влада го пратил историчарот Јордан Иванов да го фотографирал. Други историчари исто така биле пратени да го анализираат како австрискиот археолог Камило Прашникер. Прашникер направил скица на натписот и го објавил.[5]

Со откривањето на натписот археолозите се обидувале да го откријат датумот на производството, според преводот на текстот од Старогрчки во Македонски, датумот на натписот било во лето 6374, според тоа производството на натписот било помеѓу 1 септември 865 година и 31 август 886 година. Текстот на натписот било двосмислено, во текстот се истакнувало како реонот било дел од првото бугарско царство но никогаш не истакнува кога реоното потпаднало под бугарска окупација.[6][7] После крајот на првата светска војна австриските историчари во 1919 година го предале натписот кај архивскиот центар на новата формирана албанска држава. Откако натписот бил предаден кај Албанија било изгубено.[5] Натписот бил повторно откриен и фотографиран во 1924 година од страна на историчарот Васил Златарски, го открил натписот во градот Балш.[8] Во 1941 година за време на втората светска војна плочата повторно била изгубена заради тоа што за време на војната Енвер Хоџа со албанските партизани ја уништиле црквата каде што била плочата.[9]

За долго време натписот останало изгубено но во 1976 година албанската историографија одлучиле да се обидуваат да ја најдат плочата, соопштението било објавено во списанието „Илирија“ том 6. Асен Чилингиров истакнал како немале конкретен план за како би го пронајделе и негативно реагирал кон класификацијата на црквата „Св. Богородица“ во Балш како „ранохристијанска црква“ наместо бугарска црква од страна на албанската историографија.[10] Во 2013 година под притисок од страна на надворешниот министер на Бугарија улицата „Селим Хоџај“ во Далш била преименувана во „Борис I“, улицата се наоѓа блиску до местото каде што била откриена плочата во 1917.[11] Во 31 октомври 2014 година по иницијатива од клубот „Пловдивски граждански клуб“ Лука Станчев заедно со французинот Жорж Трак создадале реплика на натписот и го вратиле во Балш кај местото кај што било оригинално откриено, сека стој како споменик.[12] Градоначалникот на Балш се согласил со идеата и за време на поставањето учествувале и бугарскиот амбасадор во Албанија и други бугарски невладински организации.[13]

Самиот натпис е составено од два текста од два различни периода, еден е во старогрчкиот јазик и се зборува за крштевањето на Борис I додека второто е во латински и е за смртта на норманскиот напаѓач Роберт де Монфор, којшто ја напаѓал Англија за време на владеењето на Хенри I.

Горен натпис

[уреди | уреди извор]

„[+Εβαπτισθη ο εκ θ(εo)υ αρχων Βουλγ]αριας

Βορης ο μετο-

τομασθεις

Μιχαηλ συν

τω εκ θ(εο)υ δε-

δομενω αυ-

τω εθνει ε-

τους ςτοδ.“

„Бугарскиот архонт Борис, преименуван во Михаил, бил крстен од Бога заедно со својот од Бога даден народ во летото на 6374 година. (1 септември 865 – 31 август 866 г.)“

Долен натпис

[уреди | уреди извор]

„Hic est subpositus de Forti Monte Robertus,

corpore formosus, probus armis, vir generos(us).

Sub duce Normanni[s] cunctis quoque praefuit Angli[s].

Dumque iuventutis dives floreret in anni[s],

deseruit mundum, dominique petendo sepulcr[um]

hic obiit Pheb[o] [i]am sub libra quater orto.

Det, Roberte, tib[i] [s]ua gaudia rex para[disi].“

„Ова е имотот на Форт Монте Роберт, убав по тело, фер по раце, благороден човек. Под водство на Норманите тој претседаваше со сите Англичани. Додека богатата младина цветаше во годините, го остави светот, барајќи го Господовиот гроб. Тука умре Фебус [јас] сум под четирикратната вага. Кралот нека ти ги даде, Роберт, [своите] радости“

  1. Капитанова, Анна (31 октомври 2014). „В Албания ли се е покръстил Борис I?“. БНР.
  2. „Постоењето на бугарската заедница во Албанија е непобитен факт“. Татковина. 11 февруари 2017.
  3. Бешевлиев, Веселин (1981). Прабългарски епиграфски паметници. Софија: Издателство на Отечествения фронт. стр. 88–89.
  4. Scott, Stephen (1989). The Collapse of the Moravian Mission of Saints Cyril and Methodius, the Fate of the Disciples, and the Christianization of the Southern Slavs. Translations of Five Historical Texts with Notes and Commentary. University of California, Berkeley. стр. 165.
  5. 5,0 5,1 Стаменова, Десислава (13 март 2014). „В Пловдив дълбаят надпис от преди 12 века, ще го носят в Албания“. БулгариаУтре.
  6. McKitterick, Rosamond (1995). The New Cambridge Medieval History. Cambridge University Press. стр. 239.
  7. Curta, Florin (31 август 2006). Southeastern Europe in the Middle Ages, 5001250 (Cambridge Medieval Textbooks). Cambridge University Press. стр. 168. ISBN 9780521815390.
  8. Паметници на средновековната архитектура от Албания (2006) од Ралица Базајтова
  9. Станчев, Лука (2015). „Родолюбиви българи възстановиха колона на княз Борис I во Албания“. Роден Глас.
  10. Чилингиров, Асен (2010). Албански Дневник, ноември 1986 година (PDF). Софија: Enciclopedia Italiana. стр. 45–46.
  11. „Екатерина Захариева продължава балканската си обиколка с посещение в Република Албания“. Весник Строител. 26 јули 2017.
  12. Луцова, Марија (6 февруари 2018). „1300 бранят културен център „Тракарт". ПловдивТајм.
  13. Sevov, Wladislav (23 октомври 2014). „Restore the column with an inscription certifying the date of the Crossing“. БНТ.