Балтословенски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Балтословенски јазици
Географска
распространетост:
Источна и Северна Европа
Класификација: индоевропски
  • балтословенски јазици
Гранки:
[[File:Balto Slavic countries.svg|300px]]
Јазично стебло на балтословенските јазици.

Балтословенските јазици се група јазици составени од две големи индоевропски јазични групи, односно од словенските и балтичките јазици. Балтичките и словенските јазици споделуваат неколку лингвистички елементи кои не можат да се пронајдат кај останатите индоевропски јазици, што посочува дека овие јазици имале еден ист развој и предок. Сепак, во научната јавност има поделба за тоа од која природа е врската меѓу овие јазици, односно некои лингвисти тврдат дека оваа врска е генеолошка, а други тврдат дека тие заеднички карактеристики се како резултат на контактот на јазиците.[1].

Во науката се пробало да се реконструира прабалтословенскиот јазик, кој е директен потомок на праиндоевропскиот јазик. Таквата реконструкција на овој хипотетичен јазик била извршена преку споредба и анализа на гласовите и акцентите на современите балтички и словенски јазици. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]