Балот кај Мулен де ла Галет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Балот кај Мулен де ла Галет
Bal du moulin de la Galette
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1876
Димензии 131 см × 175 см
Место Музеј Орсе, Paris

Балот кај Мулен де ла Галет (попозната и како Танцувањето кај Мулен де ла Галет ) е слика, масло на платно од 1876 година од францускиот уметник French artist Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Музеј Орсе во Париз и една е од најпознатите ремек-дела на импресионизмот. Создадена е само две години после првата изложба на импресионистите. Сликата прв пат е претставена на третата изложба на импресионистите 1877 година и се истакнала као сликарска поема на среќата и благосостојбата[1].

Опис[уреди | уреди извор]

На неа се прикажани танчерите облеани сосветлината на попладневното сонце во дворот пред Мулин де ла Галет во Париз на Монмартр. На ова место за танцување најчесто во саботата попладне кога времето било убаво, се собирале најчесто помлади луше, припадници на средната класа. Во сликата владее атмосферата на идиличното летно попладне, во кое сонцето низ гранките, но и запалени ламби, ги осветлува танчерите[2].

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со инсистирање на доловување на сефкупниот впечаток на светлината,како и поетиката која е во слава на животот, во слава на урбаната социјализација и неотуѓеност.

Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба[3].

Влијание[уреди | уреди извор]

Иако сликата се појавува дури на третата изложба на импресионистите, таа според слободата на изразот, неверојатното чувство за светлината и избраниот чист, скоро лежерно пастелен и лебдечки колорит, ќе биде уште поголемо ослободување на импресионистите како и патоказ кон понатамошниот творечки ангажман на ликовните уметници кои во природата ќе ја пронајдат севкупната инспирација и хармонија на човечот со севкупното опкружување. Таа е и своевиден вовед во идниот постимпресионизам. се е во слава на животот и природата, како своевидна последна песна пред големите ужаси кои понатаму, особено од почетокот на дваесеттиот век ќе ја раздрма севкупната цивилизациска заоставштина на човештвото[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]