Балкан (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Балкан (Le Balkan)“
Типдвонеделник
УредникСтефан Дедов
Основан5 април,1903
ЈазикГлавно на бугарски, делумно на македонски и руски
Престанал4 мај, 1903

Балкан (Le Balkan) ― весник кој излегувал во Софија. Издавач и уредник бил Стефан Јакимов Дедов (Ридски). Се печател на бугарски јазик (уводниците и на руски), но објавувал и прозни текстови на македонски јазик (Ефтим Спространов). Весникот во еден од броевите ја отпечатил скратената верзија на Меморандумот на МНЛД до руската влада од 12 ноември, 1902 година. Весникот неочекувано запрел со издавање, после број 12 и дури продолжил во следната година, но како нова публикација под името Куриер. [1]

Слоганот под кој излагал весникот бил:[2]

Весникот ќе ја брани автономијата на Македонија за Македонците и независноста на Балканот за Балканците.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 59. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Душков, Живодар. Български периодични издания със заглавия ороними, Част I. 1878-1919, в: Научни трудове на Русенския университет - 2010, том 49, серия 6.2, стр. 155.