Прејди на содржината

Балкански јазичен сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Балкански јазичен сојуз
Географска
дистрибуција
Балкан
Јазици

Балкански јазичен сојуз претставува структурална и граматичка нивелација на балканските јазици, резултат од активниот соживот на балканските народи во регион без граници под исти економски и културни околности: полуномадско сточарство, заеднички пазари, мешани бракови и др. Доминацијата на грчката култура и римската администрација поставиле основа на балканскиот јазичен сојуз. Погодни услови за таков развој имало и под Византија, а процесот бил забрзан под османлиска доминација, кога христијанската вера на немуслиманско население му служела и за национална идентификација. Потребата од заемно разбирање ги довела луѓето до масовна дво- и тројазичност, што придонесло за спонтано образување на заедничка структура во разнородните балкански јазици.

Нивните заеднички структурни особености -балканизми (аналитичка деклинација, описна компарација, удвојување на објектот и др.) претставуваат уникатна појава. Според мерката до која е стигнат развојот на овие особености во еден балкански јазик, се суди и за степенот на неговата балканизација. Македонскиот припаѓа кон централниот круг (аромански, јужноалбански тоскиски дијалект и бугарскиот). Во јазиците од вториот круг (новогрчки, северноалбански гегски дијалект, југоисточни српски говори и европски турски) развојот на некои балкански црти е недовршен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Прв кој ги забележал сличностите помеѓу балканските јазици кои припаѓаат на различни јазични фамилии бил славистот Јернеј Копитар во 1829.[1] Август Шлајхер (1850)[2] поексплицитно го развил концептот за ареална поврзаност наспроти генетската, а Франц Миклошич (1861)[3] ги изучувал врските помеѓу словенските и романските јазици на Балканот.

Падежен систем

[уреди | уреди извор]

Бројот на падежи е редуциран, а некои од падежите се заменети со предлози. Во развојот на бугарскиот и македонскиот јазик дошло до губење на сите падежи, освен вокативот.

Падежниот систем на балканските јазици обично го сочинуваат следниве падежи:

Губење на инфинитивот

[уреди | уреди извор]

Употребата на инфинитивот (која е заедничка за останатите Романски и Словенски јазици) во Балканските јазици воглавно е заменета со субјунктивни конструкции, по примерот на грчкиот јазик.

На пример, „Сакам да пишувам“ на неколку балкански јазици:

Јазик Пример Забелешка
Албански Dua të shkruaj
Аромански Vroi sã sciru / ãngrãpsescu
Македонски Сакам да пишувам [sakam da pišuvam]
Бугарски Искам да пиша [iskam da piša]
Современ грчки Θέλω να γράψω [Thélo na grápso] спротивно на постарото ἐθέλω γράψαι
Романски Vreau să scriu (со субјунктив)


Vreau a scrie (со инфинитив)

Употребата на инфинитив се претпочита само во некои случаи во пишана форма. Во говорот почесто се користи на север (Трансилванија, Банат и Молдавија) отколку на југ (Влашко).[4] Најчесто користена форма сепак е со субјунктив.
Српско-хрватски Želim da pišem / Желим да пишем За разлика од политературната форма: Želim pisati / Желим пиcaти, каде што pisati / пиcaти е инфинитив. И двете форми се граматички исправни во стандардниот српски јазик и не предизвикуваат недоразбирање, иако во секојдневниот разговор почесто се користи формата без инфинитив.
Бугарско турски isterim yazayım Во стандардниот турски во Турција ова е yazmak istiyorum каде што yazmak е инфинитив.
Балканско Ромски Mangav te pišinav

Постпозитивен член

[уреди | уреди извор]

Одлика на балканските јазици е постпозитивниот член, т.е. тој доаѓа како наставка на именката. Ниту еден од другите сродни јазици (како што се другите романски и словенски јазици) ја немаат оваа одлика. Можно е постпозитивниот член кај источните јужнословенски јазици (македонски, бугарски) да се јавил како резултат на влијанието од источнороманските јазици (романски или влашки) за време на Средниот век.[5] Кај словенските јазици постпозитивен член може да се сретне и во некои северноруски дијалекти (спротивно на општата тенденција во источнословенската група на јазици). За разлика од овие дијалекти, појавата на членот во македонскиот и бугарскиот јазик не може да се смета за самостојна појава, независна од контактот со балканските јазици.[6]

Јазик Женски род Машки род
нечленувана

именка

членувана

именка

нечленувана

именка

членувана

именка

Албански grua gruaja burrë burri
Влашки muljari muljarea bărbat bărbatlu
Бугарски жена жената мъж мъжът
Грчки γυναίκα η γυναίκα άντρας ο άντρας
Македонски[7] жена жената маж мажот
Романски femeie

muiere

femeia

muierea

bărbat bărbatul
Торлачки жена жената муж мужът

Неколку стотини зборови се заеднички за Балканските јазици; нивното потекло е грчко, словенско или турско.

Потекло на зборот Праформа албански бугарски грчки романски македонски српски
латинско mensa menca маса masă маса
тракиско rompea rrufë руфия ρομφαία ровја
средногрчко λιβάδιον livadhe ливада λιβάδι livadă ливада ливада
средногрчко διδάσκαλος dhaskal (mësues) даскал (разг.) δάσκαλος dascăl даскал (разг.)
средногрчко κουτίον kuti кутия κουτί cutie кутија кутија
словенско *pъrčь purts пръч πούρτσος purts прч прч
турско boya bojë боя μπογιά boia боја боја
  1. Kopitar, Jernej K. (1829). „Albanische, walachische und bulgarische Sprache“. Jahrbücher der Literatur (Wien). 46: 59–106. ISBN 3-89131-038-2.
  2. August Schleicher, Linguistische Untersuchungen, vol. 2: Die Sprachen Europas in systematischer Übersicht. Bonn: H.B. König, 1850.
  3. Miklosich, F. (1861). „Die slavischen Elemente im Rumunischen“. Denkschriften der Kaiserlichen Akademie der Wissenschaften, Philosophisch-historische Classe. 12: 1–70.
  4. Mădălina Spătaru-Pralea. „Concurența infinitiv-conjunctiv în limba română“. Архивирано од изворникот на 2011-04-23. Посетено на 2011-06-26.
  5. Theodor Capidan, Raporturile lingvistice slavo-române. I. Influența română asupra limbei bulgare, Dacoromania. Buletinul „Muzeului Limbei Române”, III, Editura Institutului de Arte Grafice „Ardealul”, Cluj-Napoca, 1922-1923, p. 123-124
  6. Конески, Блаже (1986). Историја на Македонскиот јазик. Скопје: Култура. стр. 151.
  7. In Macedonian there are three types of definite articles. In this example the common definite article is given.