Балкански пакт (1953)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Балкански пакт
Договор за пријателство и соработка
{{{image_alt}}}
Потпишан28 февруари 1953 (1953-02-28)
МестоАнкара, Турција
Потписници
Јазицигрчки, српско-хрватски, турски

Балкански пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) — договор потпишан во Анкара (Турција) од страна на Грција, Југославија и Турција на 28 февруари 1953 година.[1]

Договорот требало да претставува брана против советската експанзија На Балканот. Во договорот било предвидено евентуално формирање на заедничка воена команда на трите земји.

Во тоа време Турција и Грција биле веќе полноправни членки на НАТО. Но, комунистичка Југославија не сакала да се приклучи кон НАТО. Со оглед на ова Балканскиот пакт бил можност Југославија на индиректен начин да се поврзе со НАТО.

Но, новиот сојуз ја покажал својата слабост уште од самиот почеток. Само неколку дена откако договорот стапил во сила, Сталин починал. Како што новата Советска влада почнала да ги релаксира своите ставови кон Југославија, југословенското комунистичко раководство било сѐ повеќе подготвено да ја напушти отворена соработка со западните земји.

Во текот на 1954 и 1955 година разговорите помеѓу Југославија во Советскиот Сојуз резултирале со промена на југословенските погледи во однос на военото значење на Балканскиот пакт. Посетата на турскиот премиер Аднан Мендерес на Југославија во мај 1955 година (само три недели пред посетата на Хрушчов на Југославија) ја покажала разликата меѓу југословенските и турски проценки на меѓународната ситуација. Турскиот премиер Мендерес бил заинтересиран за целосна соработка во рамките на Балканскиот пакт, а Југославија се колебала да преземе какви било чекори кои би можеле да ѝ дадат значење на воената страна на Балканскиот пакт.

Набргу потоа, избил конфликтот на Кипар помеѓу Турција и Грција и станал нова опасност за Балканскиот сојуз.

По унгарската револуција, Тито покажал извесен интерес за заживување на Алијансата. Но, поради конфликтот на Кипар, обидот на Тито да посредува помеѓу Турција и Грција не успеал.

Литература[уреди | уреди извор]

  1. David R. Stone, "The Balkan Pact and American Policy, 1950-1955," East European Quarterly 28.3 (September 1994), pp. 393-407.