Прејди на содржината

Балканска снежна полјанка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Балканската снежна полјанка (Dynaromis bogdanovii) е животно кое спаѓа во `рбетници, цицачи кои живеат во Национален парк Галичица.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Балканска снежна полјанка припаѓа на класата цицачи (Mammalia), ред глодачи (Rodentia) и е ендемореликтен вид кој е единствениот претставник на изумрената група Pliomyini. Тој е ендемичен за Западен Балкан. Видот се јавува во 3 алопатрички (географски одвоени) филогенетски родовски линии.[2]

Расптостранетост[уреди | уреди извор]

Планината Галичица претставува најјужната точка на ареалот на распространување на видот, од каде што веројатно е изчезнат во последните декади. Досегашните сознанија упатуваат на заклучокот дека заканата е резултат на компетитивната супериорност од страна на снежната појланка (Chionomys nivalis), која ги зазема природните живеалишта на Балканската снежна полјанка и истата ја потиснува.[3]

Екологија[уреди | уреди извор]

Во Национален Парк Галичица живее на карпести живеалишта. Според светската црвена листа на IUCN (Internacional Union for Conservation of Nature) видот Dynaromis bogdanovii е класифициран како ранлив со статус (VU).[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

Категории[уреди | уреди извор]

  1. НП Галичица
  2. НП Галичица
  3. НП Галичица
  4. НП Галичица