Балканска револуционерна социјалдемократска федерација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Балканската револуционерна социјал-демократска федерација, подоцна Балканска комунистичка федерација била обединување на социјалдемократски организации од балкански земји со интернационалистички позиции кои се застапнувале за создавање на Балканска федерација.[1]

Движењето за обединување на социјалдемократијата на Балканот се засилило по Младотурската револуција од 1908 година. Балканската работничка социјалдемократска федерација го спроведувала слоганот на Првата балканска социјалдемократска конференција одржана во Белград во 1910 година за Балканска федеративна република.

На меѓународната социјалистичка конференција во Цимервалд во 1915 година настапила поделба во социјалистичкото движење. Мнозинството од делегатите заземале повеќе пацифистичка отколку револуционерна позиција. Пролетерските интернационалисти, какви биле руските болшевици, сметале дека избивањето на Првата светска војна докажало, дека социјализмот и национализмот се некомпатибилни во империјалистичката ера. Тие тврделе дека поимот национално самоопределување е застарен, како и дека национализмот ќе биде пречка за пролетерското единство. Федерацијата била формирана на Втората балканска социјалдемократска конференција одржана во Букурешт во 1915 година од радикално ориентирани левичарски партии, кои биле противници на учеството во Првата светска војна и кои ги поддржувале болшевиците. Нејзин предводник станал Крсто Раковски. Федерацијата посветила особено внимание на Македонското прашање, нудејќи Македонија да биде самостојна мултинационална република во составот на Балканската федерација.

Како резултат од Првата светска војна меѓународната положба на Балканот претрпела значаjни промени. Со освојување на власта од болшевиците во 1917 година, Русија отпаднала од составот на Големите сили и била поставена во меѓународна изолација. Балканскиот фактор таа се стремила да го одржи преку балканските секции на иницираната од Москва Комунистичка интернационала. На основачкиот конгрес на Коминтерната во март 1919 година Крсто Раковски како претставник на БРСДФ тврдел дека зборува од името на федерација, која обединува романската, српската, грчката СДП и Бугарската РСДП (т. с). Потоа, во 1920 година организацијата се трансформирала во Балканска комунистичка федерација и станала де факто секција на Коминтерната до нејзиното распуштање во 1932 година. Васил Коларов, Христо Кабакчиев и Георги Димитров биле највлијателните фигури во Балканската комунистичка федерација. Шеф на организацијата станал Георги Димитров. Федерацијата издавала и свој орган - Федерасион балканик меѓу 1924 и 1932 година. Уредници биле Димитар Влахов и Никола Харлаков.

На изборите во 1931 година нацистите станали најсилната политичка партија во Германија. Во врска со променетата ситуација во Европа и зајакнувањето на национализмот, техничкиот секретар на Коминтерната Ото Куусинен во извештајот за националното прашање пред Извршниот комитет наведува како главна слабост на секциите на Коминтерната недооценката на националното прашање. Како пример Куусинен ја истакнал смената на слоганот за Балканска федерација со "правото на самоопределување на народите до отцепување". Тој повикал релевантните комунистички партии да разговараат повторно за националното прашање со цел "изработка на нова национална програма" за секоја од партиите. Во меѓувреме до балканските комунистички партии пристигнала директива за постепено напуштање на слоганот за Балканска федерација. Така функциите на Балканската комунистичка федерација почнали да слабеaт, додека во 1932 година таа практично престанала да постои.

Во оваа ситуација членовите на ВМРО (обединета), кои биле истовремено и комунисти го поставиле за првпат прашањето за признавање на посебна македонска нација. Со овие мотиви во крајот на 1933 година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решил да стави на разгледување на един од своите состаноците Македонското прашање и во почетокот на 1934 година прифатил посебна резолуција.

Состав[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. The Free Dictionary - Balkan Communist Federation.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]