Балегари
Балегари | |
---|---|
![]() | |
Средноевропски балегари | |
Научна класификација | |
Потсемејства | |
Aclopinae |
Балегари[1] (лат. Scarabaeidae) е семејство на инсекти од редот на Тврдокрилци (Coleoptera). Познати се над 28.000 видови, од кои повеќето се хранат со растенија. Додека повеќето видови од потсемејствотот на вистинските балегари, која вклучуваат повеќе од 5000 видови, се хранат со балеги. Најголем број на видови од ова семејство се присутни во Тропските предели.
Опис[уреди | уреди извор]
Балегарите се инсекти кои достигнуваат од 1,5 до 160 мм, во зависност од видот. Тие се појавуваат во најразлични бои, од црно до металик зелено-сина или бакарна. Тие имаат карактеристични антени во форма на палки, кои можат да се скупчат или да се исприжат за да го осетат мирисот. Предните нозе на многу видови се широки и прилагодени на копање. Мажјаците од некои видови (како и некои женки) имаат рогови на главата или на штитот на вратот (pronotum), кои ги користат за борба за женките или за храна.[2]
Митологија[уреди | уреди извор]
Старите Египќани за видот балегара скарабеј (свет Скарабеј, балегари) ( латински: Scarabaeus sacer ) верувале дека е свет. Во староегипетската религија, кога балегарот тркалал топка песок,тоа претставува метафора за сончевото патување низ небото. Египетските амајлии кои го претставувале светиот скарабеј била продавана низ целото Средоземие.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Scarabaeidae“. BioRaS.
- ↑ 2,0 2,1 bugguide.net Family Scarabaeidae - Scarab Beetles
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Податотеки поврзани со Scarabaeidae на Ризницата
- Фотографии од разни видови од семејството (Scarabaeidae) на flickr.com