Прејди на содржината

Баланџар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта што ги прикажува главните варангиски трговски патишта од 8-ми до 11-ти век, со Баланџар по должината на трговскиот пат преку Волга (во црвена боја).

Баланџар (на арапски: بلنجر ; Барањар, Беленџер, Беленџер, Булунџар) бил и претставувал средновековен град сместен во регионот на Северен Кавказ, помеѓу градовите Дербент и Самандар најверојатно на долниот тек на реката Сулак.

Процветал помеѓу седмиот и десеттиот век, а легендарниот основач на Баланџар, според персиските и курдските хроничари Ибн ал-Факих и Абу ал-Фида, се викал Баланџар ибн Јафет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Помеѓу 630 и 640 година Баланџар бил главен град на Држава Баранџар, а некои научници претпоставуваат дека името потекнува од турскиот корен „Бала“ со значење „Велик“ и од племето „Енџар“

Со остатокот од Баранџарските домени градот станал дел одХазарскиот Хаганат околу 650 година, а до почетокот на 720-тите години, Баланџар служел како главен град на Хазарска држава. За време на Првата арапско-хазарска војна во 650-тите години, Муслимананската војска под водство на Абдур-Рахман ибн Рабија била поразена надвор од градот во Битката кај Баланџар.

Околу 722 или 723 година војниците на Омејадскиот Калифат под водство на Ал-Џара ибн Абдала ги преминале Кавкаските Планини и го нападнале Баланџар, а жителите на Баланџар се обиделе да го одбранат својот град со врзување на 3.000 запрешни коли и нивно кружење околу клучната тврдина на висок терен, но биле поразени во нападот. Арапите масакрирале голем дел од населението на градот; преживеаните избегале во други градови, вклучувајќи го и Самандар при што победниците, го ограбиле градот.

Градот бил повторно изграден по војната, но главниот град на Хазарија бил сменет и преместен во Самандар, а подоцна во Атил, но сепак, Баланџар продолжил да биде град од големо значење во рамките на Хаганатот, а по падот на Хазарија, Баланџар изгубил голем дел од својата важност и постојано опаѓал сè додека не исчезнал од записите околу 1100 година.

Точната локација на Баланџар сè уште не е прецизно утврдена, а Советскиот археолог Михаил Артамонов првично го сместил Баланџар на местото на современиот дагестански град Бујнакск, но кога подоцна биле пронајдени урнатините на град јужно од Махачкала, тој ги идентификувал како оние на Баланџар.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Brook, Kevin Alan (2018). The Jews of Khazaria, Third Edition. London: Rowman & Littlefield Publishers, Inc. ISBN 9781538103425.
  • Dunlop, Douglas Morton (1997). „Balanjar„. Encyclopaedia Judaica (CD-ROM Edition Version 1.0). Ed. Cecil Roth. Keter Publishing House. ISBN 965-07-0665-8ISBN 965-07-0665-8