Балада за гаќичките на Буга
„Балада за гаќичките на Буга“ (хрватски: Balada o Buginim gaćicama) е роман за деца на хрватскиот писател Томислав Загода. Романот e објавен на македонски јазик во 2004 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Романот е напишан во вид на дневник. Главниот лик, Густав С., е четиринаесетгодишно момче опседнато со две грандиозни животни и книжевни теми: сексуалното созревање и совладувањето на книжевниот занает.[1]
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Книгата има 280 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-622-2. Преводот го извршила Мира Ничота; дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ; компјутерската обработка на направил Игор Добрески; автор на корицата е Александар Сотировски; а лектурата и коректурата се дело на Софија Чолаковска-Поповска. Книгата е отпечатена во печатницата „Ладеа принт“ од Штип.[2]