Базилика во Јамусукро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Базилика на Нашата Мајка на мирот во Јамусукро
Basilique Notre-Dame de la Paix
Basilique du Notre Dame de la Paix, Yammassoukro, Cote d'Ivoire.JPG
Базилика на Нашата Мајка на мирот.
Основни податоци
Место Јамусукро, Брег на Слоновата Коска
Координати 6°48′40″ СГШ 5°17′47″ ЗГД / 
Припадност Римокатоличка црква
Осветен 1990
Духовно-организациски статус базилика
Мреж. место мрежно место
Архитектонски опис
Архитект(и) Пјер Факури
Архитектонски тип црква
Завршен 1990
Чинење 300 милиони долари
Особености
Насоченост на фасадата СИ
Приемност 18,000
Должина 195 м.
Ширина 150 м.
Ширина (кораб) 55 м.
Висина (макс.) 158 м.
Пречник на куполата (надв.) 90 м.
Материјали мермер

Базиликата на Нашата Мајка на мирот во Јамусукро (француски: Basilique Notre-Dame de la Paix de Yamoussoukro) е римокатоличка базилика посветена на Богородица. Базиликата се наоѓа во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Јамусукро. Базиликата била изградена во периодот од 1985 до 1989 година и чинела околу 300 милиони американски долари. Куполата и стилот биле инспирирани од[1] Базиликата на Св. Петар во Ватикан, но не е реплика.[2] Базиликата била осветена на 10 септември 1990 година од папата Јован Павле II.[3] Базиликата не е катедрала и така седиштето на бискупот на Бискупијата на Јамусукро е катедралата Св. Августин.[4] Според Гинис, оваа базилика е најголема црква во светот. Базиликата има вкупна површина од 30.000 метри квадратни и висока е 158 метри.[5] Базиликата има капацитет од 18.000 верници.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ostling, Richard N., James Wilde. „The Basilica in the Bush“, „Time“, 3 јули 1989 (конс. 17 ноември 2008 г).
  2. Massaquoi, Hans J.. „An African's gift to the Vatican: the world's largest church - Felix Houphouet-Boigny, Basilica of Our Lady of Peace“, „Ebony“, Johnson Publishing Co., декември 1990 (конс. 24 јули 2008 г).
  3. Pope John Paul II (10 септември 1990 г) (на French). Dédicace de La Basilique de «Notre-Dame de La Paix». Holy See. http://www.vatican.va/holy_father/john_paul_ii/homilies/1990/documents/hf_jp-ii_hom_19900910_yamoussoukro_fr.html. конс. 2 јануари 2009 г. 
  4. „Diocese of Odienné, Cote d’Ivoire“. Giga Catholic Information. www.gcatholic.com. http://www.gcatholic.com/dioceses/diocese/odie0.htm. конс. 10 септември 2010 г. 
  5. The biggest, longest, tallest...“, „The Guardian“, 17 јули 2004 (конс. 22 јули 2008 г).
  6. „Our Lady of Peace Basilica, Yamoussoukro“. www.churchesguide.com. http://www.churchesguide.com/basilica-our-lady-of-peace-yamoussoukro.php. конс. 10 септември 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]