Баер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на the chemical and pharmaceutical company. За other uses, погл. Bayer (disambiguation).
Ова не е исто што и Beyer (disambiguation).
Баер АГ
Тип Aktiengesellschaft
Oснована 1863
Седиште Леверкузен, Германија
Клучни личности Marijn Dekkers (CEO), Манфрен Шнајдер (претседател на надзорниот одбор)
Дејност Фармацевтска компајнија, хемикалии
Производи Ветеринарна медицина лекови, медицинска визуелизација, општи и специјализирани лекови, производи за женско здравје , пестициди, одгледување на растенија.
Приходи 36.53 billion (2011)[1]
Тековен
приход
€4.149 billion (2011)[1]
Нето приход €2.470 billion (2011)[1]
Вработени 111,800 (FTE, 2011)[1]
Подружници Bayer MaterialScience, Bayer USA, Bayer Schering Pharma, Bayer HealthCare Pharmaceuticals, Bayer CropScience
Портал www.bayer.com

Баер АГ (изговор: /ˈbaər/; на германски: [ˈbaɪ̯ɐ]) е германска хемиска и фармацевтска компанија основана во Бармен (денес дел од Вупертал), Германија во 1863. Седиштето на компанијата се наоѓа во Леверкузен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Позната е по нејзината оригинална марка аспирин. „Баер“ првпат го произвела аспиринот во 1897.

Историјат[уреди | уреди извор]

„Баер АГ“ е основана во Бармен (денес дел од Вупертал), Германија во 1863 од Фридрих Баер и неговиот партнер, Јохан Фридрих Вескот. Првиот капитален производ на „Баер“ бил ацетилсалицилната киселина (првобитно ја открил францускиот хемичар Шарл Фредерик Герхард во 1853), која е модификација на салицилната киселина или салицинот, народен лек кој се наоѓа во кора од врба. До 1899 година, заштитниот знак на „Баер“, „Аспиринот бил регистриран ширум светот како марка на ацетилсалицилна киселина на „Баер“, но поради одземањето на американскиот капитал и заштитен знак на „Баер“ за време на Првата светска војна од страна на САД и широката употреба на терминот за именување на сите други марки од ист состав, „Аспиринот“ го губи својот статус на заштитен знак во САД, Франција и во Велика Британија. Денес терминот има широка употреба во САД, Велика Британија и Франција за сите марки на овој лек. Сепак во повеќе од 80 други држави, како Канада, Мексико, Германија и Швајцарија, тој е сè уште регистриран знак на „Баер“. Во 1904 година, компанијата „Баер“ го воведува „крстот на Баер“ како лого на компанијата. Поради тоа што Баеровиот аспирин бил продаван само преку фармацевти и доктори и компанијата не можела да го пакува лекот, Баеровиот крст бил печатен на таблетите за потрошувачите да знаат дека тој аспирин е од „Баер“. Како дел од репарациите по Првата светска војна, капиталот на „Баер“, вклучително и неговите права за името и заштитниот знак, биле одземени во Соединетите Американски Држави, Канада и неколку други држави. Во САД и Канада, капиталот и заштитниот знак на „Баер“ ги презела компанијата „Стерлинг драг“, претходник на „Стерлинг Винтроп“. Компанијата „Баер“ тогаш станала дел од „ИГ Фарбен“, германски хемиски конгломерат. Во текот на Втората светска војна, „ИГ фарбен“ се служела со принудна работна сила од заробеници во фабриките кои биле дел од големите логори за принудна работа, поточно логори кои биле дел од концентрациониот логор Маутхаузен-Гусен. „ИГ Фарбен“ поседувала 42,5 отсто од компанијата која го прозведувала „Зиклон Б“, хемискиска супстанција која се користела во гасните комори во Аушвиц и во другите логори на смртта. По Втората светска војна, Сојузниците ја згаснуваат компанијата „ИГ Фарбен“ и „Баер“ повторно се појавува како засебен бизнис. Извршниот директор на „Баер“ Фриц тер Меер, осуден на седум години затвор од страна на Нирнбергшкиот суд за воени злосторства, откако беше ослободен, стана директор на надзорниот одбор на „Баер“ во 1956. Во 1978, „Баер“ ја купи „Мајлс лабораторис“ и нејзините подружници „Мајлс Канада“ и „Катр лабораторис“ (заедно со производствената линија вклучувајќи ги и „Алка-Селтцер“, „Флинстонс витаминс“, „Уан-а-деј витаминс“ и средството против инсекти на Катер). Во 1994, „Баер АГ“ гооткупи заедничкиот бизнис за лекови на „Стерлинг“ од „Смитклине бичем“ и го спојува со „Мајлс лабораторис“, при што го добива назад правата за заштитниот знак „Баер“ и Баеровиот крст во САД и Канада, како и сопственоста на марката „Аспирин“ во Канада. На 2 ноември 2010 година, „Баер АГ“ потпиша спогодба за купување на компанијата за животинско здравје, „Бомак груп“, со седиште на територијата на Оукленд.

Меѓу другото, изуми на компанијата „Баер“ се:

  • Аспирин, - аналгетик, антипиретик и антикоагулансен лек, кој е најверојатно најпродаваниот лек воопшто.
  • Хероин (диацетилморфин), лек кој создава зависност, првобитно бил продаван како лек за кашлица. Хероин бил марка на „Баер“, до Првата светска војна.
  • Пронтосил, првиот сулфонамид.
  • Ципрофлоксацин, антибиотик кој се користел за лекување антракс и инфекции на уринарните патишта.
  • Левитра, лек за импотенција.
  • Полиретан, разновиден полимер кој се користи за најразлични намени.
  • Поликарбонат, материјал кој се користи за пластични производи, ЦДеа, на пример (Макролон).
  • Сурамин
  • Паратион, инсектицид
  • Пропоксур, инсектицид
  • Примодос, за хормонско тестирање на бременост

Лого[уреди | уреди извор]

Логото на компанијата, Баеровиот крст, е усвоен во 1904 година. Тој се состои од хоризонтално поставениот збор „BAYER“(„Баер“), вкрстен со вертикално поставениот збор „BAYER“ („Баер“), при што обата збора ја делат буквата „Y“ (ипсилон) и се врамени во круг. Светлечка верзија на логото блеска на небото над Леверкузен, каде што се наоѓа седиштето на „Баер“. Поставена во 1958, таа е најголемата светлечка реклама во светот.

Потфати[уреди | уреди извор]

За да се оддели операциското и стратешкото раководство, „Баер АГ“ беше реорганизиран во холдинг-компанија во декември, 2003 година. Главните бизниси на групацијата беа трансформирани во ограничени компании, секоја од нив раководена од „Баер АГ“. Тоа се компаниите: Bayer CropScience AG;(„Баер КропСајнс АГ“) Bayer HealthCare AG („Баер Хелткер АГ“) Bayer MaterialScience AG („Баер МатериалСајнс АГ“) и Bayer ChemicalsAG („Баер КемикалсАГ“), и три компани за услуги - Bayer Technology ServicesGmbH („Баер Технолоџи Сервисис ГмбХ“), Bayer Business Services GmbH („Баер Бизнис Сервисис ГмбХ“) и Bayer Industry Services GmbH & Co. OHG(„Баер Индустри Сервисис ГмбХ и Ко. ОХГ“) Акциите на „Баер АГ“ се наоѓаат на Франкфуршката берза, на Лондонската берза и претходно на Њујоршката берза. По реорганизацијата, хемиската оператива (освен Х.Ц. Старк и Волф Валсрод“) беше искомбинирана со одредени оддели од полимерскиот сектор за на 1 јули 2004 да се основа новата компанија „Ланксес“. „Ланксес“ беше ставен на Франкфуртската берза на почетокот на 2005 година. Одделот за дијагностика на „Баер хелткер“ беше преземен од „Сименс Медикал Солушнс“ во јануари 2007. Во 2004, „Баер хелткер АГ“ го презеде заедничкиот фармацевтски оддел на „Роше Фармасевтикалс“. На 13 март 2006, „Мерк КГаА“ упати понуда од 14,6 милијарди евра за „Шеринг АГ“. Понудата на „Мерк“ беше надмината од понудата на „Баер“ од 19,5 милијарди долари објавена на 23 март 2006 година. На 11 март 2008 година, „Баер хелткер“ се согласи да го преземе портфолиото и одделот за директна размена на приватната „Сагмел Инц“, американска компанија која пласира лекови во повеќето земји од „Заедницата на независни држави“ како Русија, Украина, Казакхстан, Белорусија и други.


Локации[уреди | уреди извор]

  • Германија – седиште на холдинг-компанијата, како и на сестринските компани „Баер КропСајнс“, „Баер МатериалСајнс“ и „Баер Хелткер“
  • Белгија – производствени капацитети за „Макролон“ и полуретани (во Антверпен).
  • Канада – седиште во Торонто и претставништва во Монтреал и Калгари
  • Франција – седиштето на „Баер КропСајнс“ за Европа (во Лион).
  • Италија – пет производствени капацитети.
  • Холандија – осум производствени капацитети и подружници со 600 вработени во три различни сектори, маркетинг и продажба, производство и истражувања.
  • Филипини – производство на „Канестен“, „Аутан“ и Бајгон)
  • САД – „Баер САД“ (дел од корпорацијата „Баер“) раководи со перифериски регионален корпорациско претставништво и истражувачки центар во Питсбург.
  • Велика Британија – Њубери Беркшајр
  • Австралија
  • Аргентина
  • Аруба
  • Барбадос
  • Бахамите
  • Боливија
  • Бразил
  • Доминиканска Република
  • Еквадор
  • Ел Салвадор
  • Камбоџа
  • Кина
  • Колумбија
  • Коста Рика
  • Куба
  • Куракао
  • Чиле
  • Гватемала
  • Израел
  • Индија
  • Индонезија
  • Јамајка
  • Јапонија
  • Казахстан
  • Лаос
  • Мајнмар
  • Мексико
  • Никарагва
  • Нов Зеланд
  • Пакистан
  • Парагвај
  • Перу
  • Унгарија
  • Финска
  • Хонг Конг
  • Хондурас


  • Венецуела
  • Виетнам
  • Јужна Африка
  • Јужна Кореја
  • Панама
  • Полска
  • Сингапур
  • Србија
  • Тајван
  • Тајланд
  • Тринидад и Тобаго
  • Турција
  • Уругвај
  • Швајцарија
  • Шпанија
Bayer factory in Leverkusen, Germany

Потгрупи и компании за услуги[уреди | уреди извор]

„Баер АГ“ се состои од три потгрупи и три компании за услуги. Потгрупите и компаниите за услуги работат независно, раководени од менаџментска холдинг-компанија.

„Баер КропСајнс“[уреди | уреди извор]

„Баер КропСајнс“ поседува производи за заштита на полјоделски култури и за заштита од штетници. Поседува и средства за семиња и насади. Во 2002 година, „Баер АГ“ го презеде „Авентис КропСајнс“ (сега дел од „Санофи“) и го спои со сопствениот оддел за агрохемикалии („Баер Фланценшуц или „Заштита на полјоделски култури“) при што го основаат „Баер КропСајнс“. Оваа компанија денес е една од водечките иновациски агрохемиски компании во светот во областа на заштитата на култури (на пример пестициди), неземјоделска контрола на штетници, биотехнологија на семиња и насади. Покрај стандардниот агрохемиски бизнис, компанијата е вклучена во генетски инженеринг на храна. Белгиската биотехничка компанија „Плант генетик системс“ стана дел од компанијата при преземањето на „Авентис Кропсајнс“. „Баер биосајнс“ е истражувачки центар кој е дел од „Баер КропСајнс“. Исто така, во 2002, „Баер АГ“ ја презеде холандската компанија за семиња „Нунхемс“. Во 2006 година, Министерството за земјоделство на САД објави дека генетски модифицираното семе за ориз „ЛибертиЛинк“ произведен од „Баер КропСајнс“ го контаминирало американскиот ориз. Набрзо јавноста беше запознаена со ова и ЕУ стави забрана на увозот на американскиот долгозрнест ориз и цените на оризот нараснаа. Во април 2010, комисија во Лонок Каунти, Арканзас на десетина земјоделци им додели 48 милиони долари. Случајот во моментов е обжален пред Врховниот суд во Арканзас. На 1 јули 2011 „Баер Кропсајнс“ прифати глобална спогодба за сума до 750 милиони долари. Компанијата се огласи до печатот: „И покрај тоа што „Баер КропСајнс“ е уверена дека постапила одговорно во случајот со нејзиниот биотехнички ориз, компанијата смета дека е важно процесот да се разреши за таа да може да продолжи понатаму со својата основна мисија – изнаоѓање иновативни решенија за модерното земјоделство“. „Баер КропСајнс“ е вклучена во заеднички проект со „Аршер Даниелс Мидленд Компани“ и со „Дајмлер АГ“ со цел добивање био-гориво од јатрофа.


„Баер ХелтКер“[уреди | уреди извор]

„Баер ХелтКер“ е потгрупа на „Баер“ за фармацевтски и медицински производи. Таа се занимава со истражување, добивање, производство и маркетинг на производи за подобрување на здравјето на луѓето и на животните. „Баер ХелтКер“ е составена од четири потгрупи: „Баер Шеринг Фарма“, „Баер Консјумер Кер“ „Баер Енимал Хелт“ и „Баер Медикал Кер“.

„Баер Фарма“[уреди | уреди извор]

Во 2007, „Баер“ ја презеде „Шеринг АГ“ и ја основа компанијата „Баер Шеринг Фарма“. Преземањето на „Шеринг“ беше најкрупното преземање во историјата на „Баер“. Новата компанија беше преименувана во „Баер Фарма“ во 2011. „Баер ХектКер Фармасевтикалс“ е поделена на две бизнис единици – Општа медицина и Специјалистичка медицина. Здравствената нега за жени е еден од деловите на единицата „Општа медицина“. „Баер Фарма“ ги произведува пилулите за орална контрацепција „Јаз“ и „Јасмин“. И двата вида пилули користат нов вид прогестеронски хормон кој се нарекува дроспиренон во комбинација со естроген. „Јаз“ се промовира како лек за претменструалниот дисфориски синдром и за мали акни. Други значајни производи се терапијата за рак „Нексавар“, лекот за мултиплекс склероза „Бетаферон/Бетасерон“ и лекот за тромбоза, Когенат. Пример за дејноста на бизнис-одделот за Специјалистичка медицина е Дијагностичкото снимање. Контрастните агенси на овој оддел играат клучна улога во прецизното и предвремено дијагностицирање и изборот на соодветното лекување. Технигите за дијагностичко снимање како компјутерската томографија (CT), магнетната резонанца (MRI) и ултразвукот се користат за ткивата и органите да можат да се видат во нивната природна положба во внатрешноста на телото заедно со контрастниот агенс. Работата е фокусирана на создавање маркери за томографија со емисии на позитрон (PET).


„Баер консјумер кер“[уреди | уреди извор]

„Баер консјумер кер“ раководи со портфолиото за лекови на „Баер“. Клучните производи вклучуваат аналгетици како „Баер аспирин“ и „Алеве“, додатоци за храна „Редоксон“ и „Берока“ и производи за нега на кожа „Бепантен“ и „Бепантол“.

„Баер анимал хелт“[уреди | уреди извор]

Одделот на „Баер“ за животни е производител на „Адвентиџ мулти тропикал солушн“ (имидаклоприд + моксидектин) за кучиња и мачки, „Адвентиџ“ против болви кај мачки и кучиња и „К9 Адвантикс“, производ против болви, крлежи и комарци. „Адвентиџ мулти“, „К9 Адвантикс“ и „Адвентиџ“ се марки на „Баер“. Специјалност на одделот е заштита од паразити и лекови за кучиња, мачки, коњи и крави. Седиштето на северно-американскиот оддел за животни е во Шони, Канзас. „Баер анимал хелт“ е подружница на „Баер хелткер ЛЛЦ“, една од светските водечки здравствени компании.

„Баер дијабетес кер“[уреди | уреди извор]

„Баер дијабетес кер“ се занимава со медицински препарати. Главни производи се монитори за глукоза во крвта Контур Некст Ез (XT), XT), Контур, Контур УСБ и Бриз 2 кој се користи во справување со дијабетес.

Bayer Material Science[уреди | уреди извор]

Bayer MaterialScience is a supplier of high-tech ­polymers, and develops solutions for a broad range of applications relevant to everyday life.[2]

„Баер материал сајнс“[уреди | уреди извор]

„Баер МатериалСајнс е производител на хај-тек полимери и развива решениа за најразлични намени соодветни на секојдневниот живот.

„Баер бизнис сервисис“[уреди | уреди извор]

Сместена во седиштето на „Баер САД“ во Робинсон Тауншип, Пенсилванија, предградие на Питсбург, „Баер бизнис сервисис“ се занимава со информатичката инфраструктура и техничката поддршка за „Баер САД“ и „Баер Канада“. Таму исто така е и седиштето на сервисниот центар за Северна Америка, централниот ИТ служба за поддршка за целокупната структура на „Баер САД“ и „Баер Канада“.

„Баер технолоџи сервисис“[уреди | уреди извор]

„Баер технолоџи сервисис“ е задолжена за развој на проекти и проектирање, изградба и приспособување на постројки.

Курента[уреди | уреди извор]

Курента нуди услуги за хемиската индустрија, обезбедување на довод на ел. енергија, вода, комунални услуги, инфраструктура, безбедност при работа, обезбедување, аналитика и професионални обуки.

Баер 04 Леверкузен[уреди | уреди извор]

Во 1904, компанијата го основа спортскиот клуб „ТуС 04“, подоцна Баер 04 за на крај да го добие името ТСВ Баер 04 Леверкузен во 1984, општопознат едноставно како „Баер Леверкузен“. Клубот е најпознат по фудбалската екипа, но имал екипи и во многу други спортови, како атлетика, мечување, ракомет, одбојка, бокс и кошарка. ТСВ Баер 04 Леверкузен е еден од најголемите спортски клубови во Германија. Компанијата исто така поддржува и клубови во градовите каде што има претставништва, како во Дормаген (ракомет), во Вупертал (одбојка) и во Крефелд-Уердинген (поранешен бундеслигаш, СЦ Баер 05 Урдинген, денес КФЦ Урдинген 05)

Контраверзии[уреди | уреди извор]

Изумител на аспиринот[уреди | уреди извор]

Документирано е дека состојките на аспиринот се успешно синтетизирани од разни други научници и групи помеѓу 1848 и 1869, долго пред тврдењата на Баер. Ова довело до разни спорови околу патентот во почетокот на 20 век. Артур Ајхенгрин, хемичар на „Баер“, тврдел дека е првиот кој ја открил формулата на аспиринот која не правела непријатни ефекти како повраќање и стомачни болки. Ајхенгрин исто така тврдел дека го измислил името аспирин и дека прв ја употребил новата формула за да ја испроба нејзината безбедност и ефикасност. „Баер“ тврди дека аспиринот го открил Феликс Хофман за да ги ублажи болките на неговиот татко кој страдал од артритис. Од разни извори доаѓаат спротивставени тврдења.

Претседател – нацист[уреди | уреди извор]

Во 1956, Фриц тер Меер, станал претседател на надзорниот одбор на „Баер“. Тој бил осуден на Нирнбершките судења за учество во изведување на експерименти врз луѓе во Аушвиц. Тој е обвинет за грабеж, држење во заробеништво и масовно убиство и е осуден на седум години затвор и одлежал пет години.

Производи за крв заразена од ХИВ[уреди | уреди извор]

„Во 1987 година во Америка постоеја четири основни компании вклучени во изработката, производството и продажбата на Фактор VIII и IX: Фармацевтската компанија Армор, Корпорацијата Баер и нејзината биолошка поделба Катер, „Бакстер Хелткеар“ и нејзината фармацевтска поделба Хајер и Терапевтската Корпорација Алфа, кои биле или се обвинети во одредени тужби. Тужителите тврдат дека компаниите произведувале и продавале производи кои содржат крвен фактор како корисни „лекови“, кои всушност веројатно биле контаминирани со ХИВ и\или ХЦВ. Ова резултираше со огромна инфекција и\или на илјадници хемофиличари низ целиот свет. Се верува дека три од овие компании Алфа, Бакстер и Катер регрутирале и платиле донори од високо ризични населенија вклучувајќи и затвореници (т.е. колекции базирани на затвор), венозни корисници на дрога и плазма центри претежно со донори хомосексуалци., особено во градовите со многубројно население, за да се добие крвна плазма која се користи за производството на Фактор VIII и IX. Тужителите тврдат дека овие компании не успеале на ги тргнат донорите, како што е наложено со Федералниот закон, со историско минато со вирусен хепатит. Ваквите тестирања би можеле значително да ја намалат веројатноста за појава на плазма која содржи ХИВ или ХЦВ кои навлегуваат во крвната плазма.


Бајкол[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, откако 52 смртни случаи се должеа на наводно негативни ефекти од апчињата Бајкол на Баер против холестерол, престанаа да се произведуваат и продаваат. Негативниот ефект беше рабдомиолиза, која предизвикуваше ренална инсуфициенција, што се зголеми десет пати повеќе кај пациентите кои биле лекувани со Бајкол, отколку кај пациенти на кој им биле препишани алтернативни лекови од класата статин.

Надомест за медицинска помош[уреди | уреди извор]

Во јануари 2001 година, Баер се согласи на Америка и 45 други држави да им плати 14 милиони долари за да се решат тврдењата за федералниот акт за лажни тврдења дека компанијата ги навела докторите и други лица кои обезбедуваат здравствена нега преку измама да поднесат тврдења за зголемен надомест за медицинска помош.

Случајот труење со метил паратион[уреди | уреди извор]

Во октомври 2001 година, откако 24 деца од далечното село на Андите, селото Таукамарка, Перу, беа убиени а 18 тешко затруени откако испиле млеко во прав кое го содржело инсектицидот метил партион, Баер беше повикан на суд. Перуанскиот конгресен подкомитет најде значајни докази за кривична одговорност на Баер и перуанското Министерство за Земјоделство.

Либерти Линк ориз[уреди | уреди извор]

Во август 2006 година, се испостави дека Американстата жетва со ориз била загадена со неодобрен генетски смислен CropScience (кропсајанс) ориз на Баер. Поконкретно, генетски смислениот ориз има отпорност на хербицид. Американските одгледувачи на ориз, овој вид на ориз најчесто го нарекуваат Либерти линк ориз 601 или ЛЛ 601. Во Арканзас, Тексас, Луизијана, Мисисипи, Мисури, и Калифорнија, се произведуваат околу 100 видови ориз.


Извештај за безбедност 2006 – Трасиол[уреди | уреди извор]

Во септември 2006 година, ФДА(администрација за храна и лекови) ја обвини компанијата Баер заради тоа што за време на сведочењене го објавила дека порано имало ополномоштено истражување врз 67000 пациенти, од кои 30000 примале трасилол а останатите антифибринолитици. Со истражувањето сепотврдило дека трасилолот е многу ризичен. За истражувањето администрацијата за храна и лекови беше информирана од страна на еден од вклучените истражувачи. Администрацијата за храна и лекови искажа загриженост, и не го промени своето мислење дека одредени пациенти може да имаат корист од лекот. Во едно ажурирање за јавно советодавно здравство од 3 октомври 2006, администрацијата за храна и лекови препорача „ лекарите да имаат предвид да ја намалат употребата на Трасилол во оние ситуации во кои на медицинското управување му е неопходна клиничката корист од намалена загуба на крв и кога се надминуваат потенцијалните ризици“ а пациентите внимателно да се набљудуваат. На 5 ноември 2007 година администрацијата за храна и лекови го тргна Трасиол од пазарот.

Тврдења за рак на простатата[уреди | уреди извор]

Во октомври 2009, Центарот за наука во Јвниот Интерес, ја тужеше компанијата Баер за „лажно тврдење дека селенот во мултивитамините за мажи за секој ден може да го намали ризикот од рак на простатата“.

Неоникотиноид пестициди[уреди | уреди извор]

Во декември 2010 година, меморандум од Судбината на Животната средина и ефектите од поделбата на Асоцијацијата за Заштита на Околината потврди деката загриженоста за голем ризик од Клотиандин (неоникотиноид пестицид на Баер) е за инсектите кои не се мета (тоа се пчелите).Изложување на загаден полен и нектар и на токсични ефекти и понатаму е несигурна за опрашувачите“ . Во јануари 2011, „Avaaz.org“ започна онлајн петиција за да се забранат пестицидите неоникотиноид.

Имидаклоприд[уреди | уреди извор]

Француските и Ново Шкотските пчелари тврдат дека лекот за семе имидаклоприд на компанијата Баер ги убива пчелите. Оттогаш Франција издаде привремна забрана за употреба на имидаклоприд за понатамошно лечење на пченкарното семе. Конзорциумот на пчеларите од САД поднесе граѓанска тужба против „CropScience“ на Баер за наводни загуби.

Хемиски незгоди[уреди | уреди извор]

На 28 август 2008 година, имаше експлозија во зградата на Институтот на Баер „CropScience“ , Западна Вирџинија. Некоја реакција која не била проследена дупнала резервоар, а експлозијата што следела убила двајца вработени. Дупнатиот резервоар бил блиску до резевоар со метил изоцијанат кој не бил уништен од експлозијата.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во октомври 2008, канадскато одделение на Баер беше именувана како една од „100те најдобри работодавачи во Канада“ од страна на АД Медиакорп Канада. Канадскато одделение беше именувана како една од најголемите работодавачи во Торонто од страна на весникот „Торонто Стар“. Баер САД освои 85 поени (од можни 100) на кампањата за човекови права, Индекс на Корпоративна Еднаквост од 2011 година, мерка за еднаквост на работни места за хомосексуалци.

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Annual Report 2011“. Bayer. http://www.annualreport2011.bayer.com/en/bayer-annual-report-2011.pdfx. конс. 13 март 2012 г. 
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AR2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]