Бад Цвишенан
Бад Цвишенан | |
(фотографирано од водокулата) (фотографирано од водокулата) | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Амерланд |
Месни единици | 19 |
Градоначалник | Арно Шилинг (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 130 км2 |
Надм. височина | 7 м |
Население | 29.803 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 229 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WST |
Пошт. бр. | 26160 |
Повик. бр. | 04403 |
Портал | www.bad-zwischenahn.de |
Местоположба на Бад Цвишенан во рамките на округот Амерланд | |
![]() | |
Координати | 53°11′1″N 8°00′35″E / 53.18361°N 8.00972°E |
Бад Цвишенан (германски: Bad Zwischenahn; долногермански: Twüschenahn) — општина во округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на Цвишенанското Езеро, околу 17 километри западно од слободниот град Олденбург и околу 60 километри јужно од брегот на Северното Море.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината Бад Цвишенан се наоѓа во југоисточниот дел на округот Амерланд. Главното место на општината е истоименото место, кое е сместено на Цвишенанското Езеро, каде се наоѓа и општинската управа.
Главното место Бад Цвишенан денес има изглед на мал современ град со пешачка зона, променада, продавници и ресторани.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината Бад Цвишенан се граничи на североисток со општината Вифелштеде, на југоисток со градот Олденбург, на југ со општината Едевехт и на северозапад со окружниот град Вестерштеде.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Бад Цвишенан се состои од 18 единици:[2]
- Ашхаузен
- Бад Цвишенан
- Бло
- Деникхорст
- Екерн
- Елмендорф
- Хеле
- Кајхаузен
- Кајхаузерфелд
- Офен
- Орвеге
- Петерсфен I
- Петерсфен II
- Роструп I
- Роструп II
- Шпекен
- Венен
- Вестерхолтсфелде
Историја
[уреди | уреди извор]Во текот на Втората светска војна, Бад Цвишенан бил седиште на најголемата база на Луфтвафе во северниот дел на Германија. Воздухопловната база била жестоко бомбардирана. По војната, базата била претворена во терен за голф.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни стопански дејности во Бад Цвишенан се дрвната индустрија, прехранбената индустрија, како и туризмот.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Железничката станица во Бад Цвишенан се наоѓа на железничката линија Олденбург-Лер и има редовни регионални возови.
Во Цвишенанското Езеро постојат редовни фериботски линии од Бад Цвишенан до Драјберген и Роструп.[3]
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Вилхелм Хајнрих Шислер (1821–1898) — лекар
- Карстен Линке (р. 1965) — фудбалер
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Старата бања
-
Поглед на Цвишенанското Езеро
-
Црква „Св. Јован“ во Бад Цвишенан
-
Пешачката зона
-
Општинското собрание
-
Железничката станица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Hauptsatzung der Gemeinde Bad Zwischenahn“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-28. Посетено на 2021-07-31.
- ↑ Nordwest-Zeitung. „Was Ist So Besonders Am Zwischenahner Meer? Bad Zwischenahn: Das liebste Loch der Ammerländer“. www.nwzonline.de (германски). Посетено на 2018-12-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Бад Цвишенан на Ризницата ?
|
|