Бадуариј (Скитија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бадуаријвизантиски војсководец, активен за време на владеењето на Јустинијан I (527–565) во Мала Скитија (денес Добруџа).

Историчарот Патрик Амори смета дека името Бадуариј е со германско потекло.[1] Бадуариј се споменува во записите на Јован Малала, Јован Никијски, Теофан Исповедник и Ѓорѓи Кедрин. Тој се спомнува како „стрателат на Скитија“, најверојверојатно магистер милитум. Во 528 година, Бадуариј и Годила воделе воен поход од Одес (денес Варна) против хуните на Крим. Под водство на Мугел, хуните освоиле византиски територии на брегот на Црното Море.[2]

Исто така во 528 година, Бадуариј се спомнува во Дукс Скити. Тој и Јустин, Дукс на Мезија, ги здружиле силите во битка против странски напаѓачи. Малала запишал дека „хуните“, кои Теофан ги идентификува како бугари, се оние кои ја нападнале Скитија и Мезија. Како и да е, византијците ја загубиле битката. Јустин бил убиен и напаѓачите навлегле во Тракија.[2] Јустин бил наследен од Константиол.[3]

Додека се одвивале дејствата против напаѓачите, Бадуариј не се спомнува како учесник во истите. Со подоцнежните битки кои се одвивале на оддалеченост од Мала Скитија, можно е да немал никакво учество во истите. Неговата судбина не е позната. Помлад Бадуариј се појавува во времето на владеењето на Јустин II (565–578). Според делото Просопографија на доцното Римско царство се верува дека помладиот Бадуариј можно е да бил син или внук на стрателатот на Скитија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amory, p.484 : "Other Byzantine officers active in the Balkans and bearing Germanic names included Baduarius dux Scythiae, Ascum MVM per Illyricum ... and Chilbudius MVM per Thracias"
  2. 2,0 2,1 2,2 Martindale, Jones & Morris (1992), pp. 163–164
  3. Martindale, Jones & Morris (1992), p. 352

Извори[уреди | уреди извор]