Бабјачка Река
Бабјачка Река Бабяшка река | |
---|---|
Местоположба | |
Место | Разлошко (Оп. Белица), Пиринска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Орцев Врв (Кавунтепе), Западни Родопи |
Устие | |
• место | р. Места, Ј од с. Краиште, Општина Белица |
Должина | 16,9 км |
Големина на сливот | 31,2 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Места→ Егејско Море |
Бабјачка Река (бугарски: Бабяшка река) — река во Разлошко (Општина Белица), Пиринска Македонија која тече низ пределите на Велиичко-виденичкиот Дел на Западните Родопи. Во горното течение се нарекува Грбница, а главното име го добива откако ќе стаса во с. Бабјак[1]. Извира од југозападната страна на Орцев Врв (Кавунтепе, 1.703,3 м).[2]
Најпрвин реката тече на југозапад, а по с. Бабјак свртува на запад. Пред с. Лутово повторно свртува во југозападен правец. Завршува како лева притока на Места, јужно од с. Краиште. Долга е 16,9 км[1], а најголема притока е Чирек (десна). Долината на Бабјачка Река е сочинета од гранит, а поречието ѝ е покриено претежно со иглолисни шуми. Сливот зафаќа 31,2 км2, при средна надморска височина од 1.250 м.[3]
Реката тече крај селата Лутово, Бабјак и Хахњово (Горно Краиште), сите во Општина Белица. Водите се користат за наводнување.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Христова, Нели (2012). Речни води на България. София: „Тип-топ прес“. стр. 262. ISBN 978-954-723-080-4.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 51. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 3,0 3,1 Пирински край, стр. 52