Бабунски водопади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бабунски Водопади
МестоБабуна, Општина Чашка
Виднуркање, пливање, бањање
Највисок слап14 м (46 ст)

Бабунските Водопади се живописен предел во Централна Република Македонија, во Општина Чашка.

Природни особини[уреди | уреди извор]

Бабунски водопад

Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км. се влева во Вардар на 5-6 км. јужно од Велес. На Јакупица има две глечерски високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина во циркус североиcточно под врв Убава.

Римски мост на Бабуна во Богомила

Разделени се од мал праг на морени. На територијата на Јакупица има неколку цркви и манастири кои можат да го привлечат вниманието на љубопитните. Можат да се споменат - Марков Манастир кај селото Маркова Сушица, на северното подножје на Китка, манастирот Зрзе над истоименото село на јужниот крај на Даутица, црквата Света Богородица над селото Согле на делницата Јакупица.

Локација[уреди | уреди извор]

Водопадите се лоцирани во Општина Чашка. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Види уште[уреди | уреди извор]