Бабино (Ќустендилско)
| Бабино Бабино | |
|---|---|
| село | |
с. Бабино | |
| Координати: 42°21′00″N 22°58′00″E / 42.3500°N 22.9667°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Ќустендилска |
| Општина | Бобов Дол |
| Површина | |
| • Вкупна | 10,542 км2 (4,070 ми2) |
| Надм. вис. | 618 м |
| Население (2025) | 150[1] |
| • Густина | 14,2/км2 (370/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Бабино (бугарски: Бабино) — село во западна Бугарија, во рамките на Општина Бобов Дол, Ќустендилска област.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото Бабино е планинско, основано блиску до Коњавската Планина. Поради тоа има надморска височина од околу 618 метри. Три километри запад од селото се наоѓа градот Бобов Дол, главна престолнина на истоимената општина. Низ селото тече т.н. Бабинска река. Во селото се наоѓа најголемиот рудник во Бугарија — рудник „Бабино“ кои досегал произведил 800 тони јаглен. Голем дел се префрлени во ТЕЦ „Мини Бобов Дол“. Во 2017 година рудникот бил затворен поради здраствени загрижи.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Бабино е меѓу постарите села во Ќустендилскиот област. Според Николај Мичев, селото е најверојатно основано пред 1878 година.[3] Во 1821 година првата селска црква „Свети Четириесет маченици“ била изградена. Во 1889 година селото било прогласено за седиште на истоимената општина, во нејзин состав влегол и околиското село Мала Фуча.[4]
За време на Балканските војници, 2 лица доброволно се пријавиле во Македонско-одринските доброволни чети.[5] Во 1920-тите селаните во селата Бабино, Бобов Дол и Мламово организирале бунт против тогашната профашистичка власт. Повеќето биле уапсани додека некои биле ликвидирани.[6]
Во селото има една црква и едно основно училиште — „Св. Кирил и Методиј“.
Население
[уреди | уреди извор]Население на Бабино според следните пописи:[7]
| Попис | Жители | Графички приказ |
| 1934 | 706 |
![]() |
| 1946 | 762 | |
| 1956 | 733 | |
| 1965 | 656 | |
| 1975 | 524 | |
| 1985 | 438 | |
| 1992 | 354 | |
| 2001 | 295 | |
| 2011 | 229 | |
| 2021 | 164 |
Етнички состав (2011)
[уреди | уреди извор]Етнички состав на селото според пописот во 2011 година:[8]
| Број | Удел | |
|---|---|---|
| Вкупно | 229 | 100% |
| Бугари | 226 | 98,69% |
| Турци | 0 | 0% |
| Роми | 0 | 0% |
| Други | 0 | 0% |
| Не одговориле | 3 | 1,3% |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по области, общини, местоживеене и пол“. НСИ. 31 декември 2024.
- ↑ Рудник Бабино е затворен през май 2017 г.
- ↑ Мичев, Николај (2005). Речник на имената и статута на населените места в България (1878–2004). Софија: ИК Петър Берон. ISBN 954-321-071-3.
- ↑ Стамболов, Стефан (1889). „На основание чл. 17 отъ „законьтъ за селскитѣ общини"“. Државен весник.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 827. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Българско историческо дружество (1973). Векове, том 2. Софија: Наука и изкуство. стр. 80–81.
- ↑ „Справка за населението на с. Бабино, общ. Бобов дол, обл. Кюстендил“. НСИ. 2025.
- ↑ „Етничка композиција, сите места: 2011 година“. Mashke. 2011.
| ||||||||
