БИМАС

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

БИМАС — биенале на македонската архитектура каде се изложуваат проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура и дизајнот. Исто така, овој настан опфаќа гостувања на архитекти, предавања, дебати на актуелни теми и доделување на награди.

Учество[уреди | уреди извор]

Право на учество на Биеналето имаат архитекти со завршен VII степен на образование, државјани на РМ, и правни лица-фирми кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Македонија, со завршен VII степен на образование. Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани со дела изведени на територијата на РМ.

Награди[уреди | уреди извор]

На БИМАС се доделуваат следните награди:

  • Голема награда на БИМАС, за реализиран архитектонски објект
  • Награда за проект од областа на архитектурата
  • Награда за реализирана внатрешна архитектура-ентериер
  • Награда за реализиран индустриски дизајн
  • Награда за урбанистички план или проект
  • Награда за проект од внатрешната архитектура и индустрискиот дизајн
  • Специјална награда