Аs1one
Аs1one (Како еден) е поп група составена од мешани израелски еврејски и палестински арапски членови.[1][2][3][4]
Историја
[уреди | уреди извор]as1one групата била замислена и формирана од музичките претприемачи Џејмс Динер, кој го потпишал и развил Maroon 5,[5][6] и Кен Левитан, кој потпишал и го развил Kings Of Leon.[7] Почнувајќи од 2021 година, парот одржале аудиции низ градовите и малите села во Израел. По илјадници аудиции, тие на крајот ќе одлучиле на шестчлена вокална и мултиинструменталистичка група составена од Надав Филипс, Нив Лин, Асеел Фарах, Охад Атија, Садик Догош и Нета Розенблат, кои својата музика ќе ја изведуваат на англиски јазик.[5] Членовите на групата доаѓале од различни потекла, опфаќајќи ја христијанската, еврејската и муслиманската вера. [2] Аs1one постојат како група повеќе години, датираат од пред пандемијата КОВИД-19.
Во август 2023 година, as1one отпатувале во Лондон за да снимаат во Еби Роуд Студиос (анг: Abbey Road Studios) со Нил Роџерс.[8] Групата подоцна се преселила во Лос Анџелес за да продолжат да ја снимаат својата дебитантска музика, која излегла на 5-ти октомври, непосредно пред избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.[9][10][11] Нета Розенблат во интервју изјавил дека членовите на бендот „секој од нив изгубил драги и блиски луѓе во оваа војна“ и дека „навистина е тешко да се видат вовлечени невини луѓе во војната од двете страни“. Во истото интервју, Садик Догош изразил загриженост дека бендот е принуден на „амбасадорска улога“ зошто тие се само музичари, а не политичари.[4] Од пристигнувањето на групата во Америка, as1one соработувале со повеќе продуценти и текстописци, вклучувајќи ги Џена Ендрјус и Стивен Кирк, Џејсон Евиган, Оук Фелдер, Томи Браун, Џастин Трантер, Лил Арон, Дања и Y2K.[12][13]
На 13 септември 2024 година, било објавено дека as1one потпишале со брендот Трти Тајгерс (анг: Thirty Tigers) дистрибуирана преку Орчард (анг: The Orchard). Тие, исто така, го објавиле својот прв сингл, Ол Ајс он Ас (анг: All Eyes on Us (со учество на Нил Роџерс).[14] Слушателите ја критикувале песната и брендирањето на бендот како неповрзани со реалноста, во однос на веројатниот геноцид во услови на тековната израелска инвазија на Појасот Газа. Некои слушатели ја истакнале сличноста на „Сите очи на нас“ со „Сите очи на Рафа“, виралниот слоган во врска со израелската офанзива Рафах, и искажувале ставови со обвиненија дека песната го одвлекува вниманието од конфликтот. Други фанови пак го бранеле бендот и изјавувале дека тие можат слободно да се изразат како што чуствуваат и сакаат.[3][4]
Приказната за as1one е тема на снимената документарна серија од 4 дела, која се емитувала на Парамаунт+.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ גיל משעלי (2022-07-11). „"המטרה? להפוך לסנסציה עולמית": להקת הבנים הישראלית המעורבת הראשונה“ ["The goal? To become a global sensation": the first mixed Israeli boy band]. Mako (Hebrew).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Wang, Jenna (3 September 2024). „as1one on How They 'Lift Each Other Up' as World's First Israeli-Palestinian Boy Band with Debut Single (Exclusive)“. People.
- ↑ 3,0 3,1 „'Wrong direction': Israeli-Palestinian boy band debut met with outrage“. Middle East Eye (англиски). Посетено на 2024-10-14.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Brown, Helen (2024-10-09). „The Israeli-Palestinian boyband taking on the West's Gaza hypocrisy“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 2024-10-14.
- ↑ 5,0 5,1 Halprin, Shirley (2022-07-29). „Israel's Music Business Has the Ears of the Majors“. Variety.
- ↑ דור מאיר מועלם (2022-10-26). „האיש שגילה את מארון משקיע עכשיו בשישה ישראלים: "המטרה להיות הרכב הפופ הגדול ביותר“ [Follow us:The man who discovered Maroon 5 is now investing in six Israelis: "The goal is to be the biggest pop group in the world"]. Mako (Hebrew).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Halprin, Shirley (2022-10-26). „Sony Music Stakes a Claim in Israel Via New Joint Venture With Josh and Sam Fluxgold“. Variety.
- ↑ Masalha, Nur (2010). ‘Dis/Solving’ the Palestinian Refugee Problem. I.B.Tauris. ISBN 978-1-84885-345-4.
- ↑ Friedman, Gabe (2023-11-22). „The world's first Israeli-Palestinian boy band makes their debut“. The Jerusalem Post.
- ↑ גיל משעלי (2023-11-22). „as1one, להקת הבנים הישראלית-פלסטינית הראשונה, בכתבת שער בבילבורד“ [as1one, the first Israeli-Palestinian boy band, in a Billboard cover story]. Mako (Hebrew).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Bain, Katie (2023-11-23). „as1one, the World's First Israeli and Palestinian Boy Band, Plans Its Ambitious Debut“. Billboard.
- ↑ Ellwood-Hughes, Pip (2023-09-13). „as1one release debut single 'All Eyes On Us' featuring Nile Rodgers“. Entertainment Focus.
- ↑ Bain, Katie (13 September 2024). „Israeli & Palestinian Boy Band as1one Release Debut Single 'All Eyes on Us': Watch the Video“. Billboard.