А бре воденичаре

Од Википедија — слободната енциклопедија
„А бре воденичаре“
Песна од Петранка Костадинова,
Александар Сариевски
Јазикмакедонски
Напишана?
Објавена?
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:28 - 04:18
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

„А бре воденичаре“македонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Песната има двосмислен карактер, на страна од воочливите метафорички искази, во која што млада жена го моли насловниот воденичар да и го сомеле житото во неговата воденица. Воденичарот се колеба, дали затоа што не може да и помогне на жената, велејќи „воденицата вода ми нема“, или пак сака да изнуди нешто повеќе од неа. Од друга страна, можеби е жената таа која притаено се нуди, ветувајќи му се во замена за мелење на житото. Песната има јасен љубовен карактер.

Одлики[уреди | уреди извор]

Аранжманот на сите изведувачи е во карактеристичен 9/8 такт, испеана е од многу различни артисти, од кои најпопуларни се соло изведбите на Петранка Костадинова[1] и Голубинка Јакимовска, додека забележливи се двата дуети на Александар Сариевски со Петранка Костадинова, и со Васка Илиева[2]. Понови изведувачи се Анета Мицевска и Сузана Гавазова.[3]

Текст[уреди | уреди извор]

- А бре воденичаре, баш пријателе,
море мојте очи твои нека бидат,
сомели ми житото.

- Воденицата вода ми нема,
не ти мелам житото.

- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојте солзи вода нека бидат,
сомели ми житото.

- Воденицата камен ми нема,
не ти мелам житото.

- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојто лице твое нека биде,
сомели ми житото.

- Воденицата вода ми нема,
не ти мелам житото.

- Ајде воденичаре, баш пријателе,
море мојта снага твоја нека биде,
сомели ми житото.

- Воденицата вода ми има,
ќе ти мелам житото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. на YouTube
  2. на YouTube
  3. „на pesna.org“. Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-10-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]