Аџи Христо Дамјанович

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аџи Христо Дамјанович - Логотет некаде се сретнува како Аџи Христо Дамјановиќ ― (крај на 18 век во Прилеп1852 во Прилеп) ― виден прилепски граѓанин, градител на цркви и училишта, претставник на македонското чорбаџиство.[1][2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Долго време бил архиерејски намесник на пелагонискиот патријаршиски митрополит од кого ја добил титулата логотет. Одлично го владеел грчкиот и турскиот јазик. Неговиот голем авторитет пред пелагонискиот владика, кој подоцна станал вселенски патријарх, овозможил во Цариград да добие специјална дозвола (бујурлдија) за изградба на прилепската црква „Свети Благовештение“ (1838 година). Заслужен е ѝ за изградбата на народноопштинското училиште „Свети Кирил и Методиј“ (1843 година). Во исто време бил првенец во Прилепската црковно-училишна општина.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 83. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 141. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Лакалиска, Снешка (2010/11). ИСТОРИЈА број 1-2 : Традиција на поклонички патувања во Македонија од X до XIX ВЕК. Скопје: Здружение на историчарите на Република Македонија. стр. 34. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)