Аџикабул (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аџикабул
Координати39°59′00″ N; 48°55′30″ E / 39.9833° N; 48.925° E / 39.9833; 48.925Координати: 39°59′00″ N; 48°55′30″ E / 39.9833° N; 48.925° E / 39.9833; 48.925
Сливни земјиАзербејџан
Најг. должина6 км км
Најг. ширина3 км км
Површина&1000000000000001667999916,68 км2
Наводи[1]

Аџикабул (азерски: Hacıqabul) – езеро во Азербејџан. Се наоѓа во Куро-аракската Низина, во округот Аџикабул, на југозапад од Баку, крај истоимениот град. Било образувано како природно отцепување од Каспиското Море во некој геолошки период и изливите на реката Кура.[2] Во 15 век, шахот Абас крај езерото изградил голем каравансарај, кој бил на Патот на свилата.[3]

Име[уреди | уреди извор]

За потеклото на името на Аџикабул имало многу спорови. Најчесто се спомнуваат следните две варијанти ː[2]

  • почетокот Аџи доаѓа од аџија, име за верник, посетител на Мека. Топонимите со ваков почеток се доста чести – Хаџи-Дарја во Туркменистан, Хаџиноур на јужните падини на Кавказ, Хаџигир, Хаџику, Хаџирма, итн.
  • името потекнува од турскиот збор „хаџи“ што значи горчливо.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката Кура
Шавар
Бел амур

Езерото е опкружено со плитки рекички и мочуришни површни.[3] Неговата максимална должина е 6 км, најголемата ширина – 3 км, а максималната длабочина достига до 5 м. Неговата површина изнесува околу 1668 ха.[2] Се наоѓа на надморска височина од 18 м под морското ниво.[4]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е сува, суптропска, карактеристична за полупустините. Во лето е многу жешко, а во јули и август температурата често надминува 40 ° C. Зимата е блага, температурата варира главно во рамките на 6 - 12 °C. Врнежите се претежно во пролет и есен. Летото е многу суво.[4]

Води и почви[уреди | уреди извор]

Водата во езерото не тече и не замрзнува зима. В о него се влева топла вода од Али-Бајрамлинската електроцентрала.[4] Аџикабул се напојува со посебен канал од водите на реката Кура, а пролетното излевање на реката значително го зголемува неговиот волумен. Просечната температура на водата варира од 5 °C до 28,5 °C.[2] Транспарентноста на водата се движи од 0,10 до 0,69 м.[2] Содржината на слободен кислород е 6,8 - 9,1 mg / l.[4]

Дното е песокливо (34,1 ха), песочно-тињесто (25,6 ха), тињесто (724,9 ха), со растителни остатоци (69,9 ха) или органски остатоци, измешани со тиња. Почвите по крајбрежјето се засолени или сивокафеави.[4]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Територијата крај езерото е определена како мочуришна зона тип Q, Tp согласно Рамсарската конвенција. За разлика от повеќето други езера во Азербејџан, вегетацијата е слабо изразена. Оградените плиткости го компензираат тој недостаток. Крајбрежјето е исклучително важно место за привремен одмор на птиците преселници во {миграција (птици)|миграцискиот период} во пролет и особено во есен. Тоа е важно место за зимување и гнездење на водните птици, вклучувајќи и видови кои се во исчезнување.[2][4]

Растителност[уреди | уреди извор]

Во езерото има 302 вида алги сo биомаса 0,006 – 6,84 г/м3 и 11 вида макрофити (големи прикрепени алги) со вкупна биомаса 2,3 (1,8 – 3,6) г/м3. За разлика од други езера, деловите под трска тука се незначителни и зафаќаат тесен појас по крајбрежјето.[4] Од водните растенија широко распространети се трската, шаварот, рогозите и блатно лутиче.[2]

Птици[уреди | уреди извор]

Релативно топлата вода и богатството со алги и безрбетници обезбедуваат добра основа од храна за птиците. Овалниот облик на езерото обезбедува доволно големо растојание од средината на езерото до брегот, што во отсуство на трска во поголемиот дел од водената површина е важен услов за заштита на птиците. Во пролет се забележани вкупно 20 - 24 илјади птици, а во есен - 10 - 12 000. Бројот на птици кои се гнездат е значително помал и е во опсег 1500 - 2000. Најголемиот дел од нив се сели во потопените површини и мочуриштата каде вегетацијата е многу погуста, а видливоста е помала.[4]

Во близина на езерото се забележани 54 видови на мочуришни птици и 2 вида грабливки поврзани со водните живеалишта. Од нив светски загрозени се 5 вида, кои се или вклучени во Црвената книга на светски загрозените видови, или се во специјалниот список на птици со опасност од исчезнување во подрачјето. Такви се кадравиот пеликан, малиот корморан, мраморната патка, црниот кожувар и белоглавата патка. Оние со европски статус на зачувување на природата се 15 вида, а 4 се вклучени во црвената книга на Азербејџан. Тоа се малиот нуркач, малиот воден бик, чапјата лажичарка, фламингото, патката крецка, султанката, сабјарката, блатната ластовица, белоопашестата калуѓерица, црвеноногата тринга, црноопашната блатарка, малата рибарка, белобрадата рибарка, водомарот.[4]

Риби[уреди | уреди извор]

Рибите вo езерото са претставени со 21 вид, меѓу кои економски највредни се девериката, крапот, сомот, штуката, белиот амур, барбуси и зракоперки.[2][4] Со риболов се занимава државна рибна фирма и неколку рибни задруги.[4]

Глодачи[уреди | уреди извор]

Еден од највредните глодачи во областа околу езерото е нутријата, аклимитизирана од Јужна Америка.[4]

Микроорганизми[уреди | уреди извор]

Вадење нафта во близина на езерото

Развојот на микрофлората во Аџикабул е под влијание на ненадејните промени во големината на нејзината водена површина. Вкупниот број на микроорганизми во него е 5,2 – 32,2 милиони ќелии / ml, со максимум во пролет и есен. Преовладуваат спороносните форми. 27% се сапрофити, кои ја користат разградената органска маса на мртви животни и растенија за храна. Нивниот главен извор на храна е повисоката водна вегетација. Анаеробите - организми кои извршуваат клеточно дишење како во присуство на кислород, така и во негово отсуство – се широко распространети.[5]

Во езерото постојат 54 вида зоопланктони со биомаса од 0,76 до 10,2 г/м2, 106 видa микробентоси со биомаса од 0,21 - 9,79 г/м2 и 71 вид на макробентоси со биомаса од 4,51 г/м2,. Максималниот развој на биомасата на овие организми е во февруари и во текот на летните месеци (8,01 г/м2). Главниот дел се состои од ракови.[4]

Екологија[уреди | уреди извор]

  • Најважниот фактор во уништувањето на погодните еколошки услови е недостигот на вода што се прелива од реката Кура. Како резултат на тоа, нивото на езерото периодично се намалува, а плиткостите се сушат речиси целосно, особено во текот на лето.[4]
  • Развојот на риболовот е важен негативен фактор за успешно гнездење на птици, што резултира со нивна помала популација од онаа што може локацијата да ја обезбеди.[4]
  • Во зима и за време на миграцијата најважен негативен фактор е активноста на ловците. Во тоа време птиците се концентрираат во средината на езерото, подалеку од брегот на растојание недостапно за ловците.[4]
  • Близу до езерото не минува само Западниот извозен нафтовод, туку и редица помали нафтоводи од локално значење. Понекогаш, при дефект на цевките, доаѓа до истекувањето на нафтата и формирање на големи нафтени локви кои претставуваат закана за дивиот свет. Покрај тоа, околу 200-300 метри јужно од езерото, се експлоатира нафтено поле и се изградени неколку нафтени кули, околу кои има и нафтени бари.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]