Прејди на содржината

Ањано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ањано тркачката патека и рабовите на кратерот во позадина

Ањано е предградие на Неапол, Италија, сместено југозападно од градот во регионот Кампи Флегреј. Било популарено и кај античките Грци и кај Римјаните и било познато по топлите сулфурни извори.

Историја[уреди | уреди извор]

Грчки/римски термални бањи
Група музи од Ањано, грчки 120-100 п.н.е., по потекло од Делос, во Либиехаус, Франкфурт на Мајна
Топол извор (40 степени Целзиусови)

Ањанското Езеро се формирало во средниот век во вулкански кратер, но било исушено во 1870 година за да се зголеми обработливото земјиште и за да се намали живеалиштето на маларичниот комарец, кој го носи паразитот маларија. Во кратерот сега е сместен хиподромот.

По Втората светска војна, Ањано бил дом на активноста за поддршка на американската морнарица која се состои од американска поморска болница, административни канцеларии, касарни и две училишта за едукативна дејност на Одделот за одбрана: основно училиште во Неапол и американско средно училиште во Неапол.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Видливи се урнатини на антички термални бањи кои потекнуваат од грчкиот период, иако постоечките градби датираат главно од римскиот период од 1-2 век н.е. Овде се откриени величествени мозаици и скулптури.[1][2][3] Остатоците се наоѓаат во теренот на модерната бања. Вклучуваат аподитериум, фригидариум и неколку топли простории (тепидарија, калидарија и лаконица).[4] Бањите веројатно биле напојувани од Аква Августа (аквадукт Серино).

Во близина е древна пештера, која првично била дел од бањите, и која се полни со вулкански јаглерод диоксид што ги убива животните кои влегуваат во пештерата.

Наоди[уреди | уреди извор]

Група статуи на музи, вклучувајќи ја и познатата Франкфуртска Уранија, биле откриени во римските бањи и истите сега се наоѓаат во музејот Либиехаус.[5] Фигурите, кои датираат од 120-100 п.н.е., биле отстранети од нивната оригинална локација во античко време и се верува дека биле по потекло од Делос во близина на храмот на Аполон. Убавата изведба на наметките е особено заблежлива, а нивниот распоред и текстури ги истакнуваат прекрасните тела на фигурите.

Во фригидариумот биле пронајдени и четири скулптури за време на првите ископувања пред 1911 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The National Archaeological Museum of Naples, Stefano de Caro, ISBN 8843556010 p 104
  2. Chisholm, Hugh, ed. (1911). "Agnano, Lago Di". Encyclopædia Britannica. 1 (11th ed.). Cambridge University Press.
  3. „Naples Life,Death & Miracle“.
  4. https://www.ganapoletano.it/agnano/[мртва врска] [мртва врска]
  5. „Antiquity | Liebieghaus“.

40°50′41″N 14°08′59″E / 40.84472° СГШ; 14.14972° ИГД / 40.84472; 14.14972