Аљо (езеро)
Изглед

Аљо (руски: Алё) — слатководно езеро од глацијално потекло кое се наоѓа во западниот дел на Бежанискиот округ на исток од Псковската област, односно на запад во европскиот дел на Русија. Од езерото истекува малата река Олица, која понатаму го поврзува со басенот на реката Великаја и Балтичкото Море.
Водната површина на езерото зафаќа површина од околу 13,9 км², просечната длабочина на водата во езерото е околу 9 метри, а со максимална длабочина до 27 метри, тоа е второто најдлабоко езеро во областа. Во езерото се одводнува подрачје со површина од околу 78,3 км².
Бреговите на езерото се доста стрмни и многу вдлабнати, а на неговата површина се наоѓаат околу 40 острови.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Фонд водоёмов Псковской области (Excell)“. Архивирано од изворникот на 30. 06. 2019. Посетено на 18. 09. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help)