Ајше Кулин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајше Кулин
Роден/а26 август 1941(1941-08-26)(82 г.)
Истанбул,  Турција
Јазиктурски
Националносттурска
Апсолвент наАмерикански колеџ за девојки
Жанрраскази, сценарист, романописец
мрежно место
aisenglish.weebly.com

Ајше Кулин (турски: Ayşe Kulin; 26 август 1941 во Истанбул) — турска писателка и новинарка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Со пишување на романи и биографски дела таа станала една од најчитаните писателки и има добиено многу награди. Поради едноставноста и течноста на стилот која ја поседува, Кулин има добиени големи пофалби поради што нејзините приказни и книги се снимани и пренесени на малите екрани. Таа дипломирала на Американскиот колеџ за девојки на одделот на литература и книжевност. Работела како уредник и новинар на разни весници и списанија. Многу години работела како продуцент во сцени на телевизија, рекламирање и филмови, уметнички директор и како сценарист.

Меѓу 1984-1996[уреди | уреди извор]

Нејзината прва книга e создадена од приказни „Сврти го лицето на Сонце“, која била објавена во 1984 година. Во оваа книга, приказната за Гулизар, била снимена во филм со името „Скршена кукла“ и овој филм во 1986 година, освоил награда од Министерството за култура на Турција.