Прејди на содржината

Ајнхард

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ајнхард (латински: E(g)inhardus; ок. 775 – 14 март 840) бил франачки научник, писец и дворјанин. Бил слуга на Карло Велики и неговиот син Лудвиг Побожниот. Останал запамтен по своето најголемо дело - биографијата на Карло Велики „Vita Caroli Magni“, која претставува едно од најголемите книжевни завештанија од раниот среден век.