Ајзак Рид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајзак Рид
Izak Reid
Лични податоци
Роден на 8 јули 1987 (1987-07-08) (32 г.)
Роден во Стафорд, Англија
Висина &100000000000001660000001,66 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Морекамб
Број 7
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2011 Маклесфилд 146 (5)
2012- Морекамб 37 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ајзак Џорџ Рид (англиски: Izak Reid) е англиски фудбалер кој игра во Морекамб. Тој има уште двајца браќа исто така фудбалери Леви и Ишмал. Рид ја почна својата сениорска кариера играјќи за Маклесфилд каде стана стандарден првотимец во сезоната 2007-08. Тој играше за Маклесфилд во периодот од 2006 до 2011 година и запиша скоро 150 лигашки натпревари.

Рид потпиша за Морекамб на 18 јуни 2011 откако ги поминал медицинските тестови. Тој бил воодушевен од својот нов менаџер Џим Бентли и во првото интервју кое го дал за клубот изјавил дека токму тој е една од причините што дошол тука во Морекамб. Своето деби за Морекамб Ајзак го има на 6 август 2011 во поразот дома на неговиот тим од Барнет. Својот прв погодок тој го постигна следниот месец кога им донесе водство на популарните шкампи откако го отвори резулатот во 57-мата минута од мечот против Брадфорд, но во финишот на мечот гостите го израмнија резултатот и натпреварот заврши 1-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ајзак Рид на soccerway