Ајзак Кофи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гана Ајзак Кофи
Лични податоци
Роден на 20 септември 1991(1991-09-20)(32 г.)
Роден во Акра, Гана
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Карпи Карпи
Број 4
Младинска кариера
Џенова Џенова
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Џенова Џенова 1 (0)
2010Торино Торино 1 (0)
2011Пјаченца Пјаченца 23 (1)
2011-2012Сасуоло Сасуоло 36 (0)
2012-2013 Кјево Кјево 27 (2)
2013- Џенова Џенова 17 (1)
2014-2015Кјево Кјево 18 (0)
2015-Карпи Карпи 9 (0)
Репрезентација
2012- Гана Гана 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Ајзак Кофи (роден на 20 септември 1991 година) — фудбалер од Гана, играч од средниот ред на Карпи на заем од Џенова.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Џенова[уреди | уреди извор]

Кофи ја започнал својата кариера во екипата на Џенова во која дошол од Гана на рана возраст. Тој го направил своето деби во Серија А за Џенова на 2 мај 2010 година, кога влегол во игра во 64-тата минута како замена за Алберто Запатер во натпреварот против Бари на Сан Никола, кој неговиот тим го загубил со 3-0.

Сезона 2010-11; Настапите на заем кај Торино и Пјаченца[уреди | уреди извор]

Откако направил своето деби во Серија А за Џенова, следната сезона тој заминал на заем во Торино во Серија Б со цел да се здобие со поголемо искуство играјќи за првиот тим. Тука не му била укажана шанса и одиграл само 6 минути во првиот дел од сезоната, по што заемот бил прекинат и Кофи се вратил во Џенова за кратко. На 4 јануари 2011, тој бил пратен на заем во друг клуб од Серија Б, Пјаченца. Тој останал во Пјаченца до крајот на сезоната и бил стандарден првотимец појавувајќи се во 23 натпревари во кој постигнал еден гол, против Кротоне на 12 март 2011.

Сасуоло[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 2011-12, Кофи му се приклучил на Сасуоло на заем од една година. Тој му помогнал на клубот да стигне до баражите за промоција кој водат во Серија А, но таму тие загубиле од Сампдорија со 3-2 на вкупен резултат по двата натпревари и клубот останал во Серија Б.

Кјево[уреди | уреди извор]

По одличните настапи во Серија Б за Сасуоло претходната сезона, Кофи го привлекол вниманието на неколку клубови од првата италијанска лига. Најконкретен во обидите да го доведе во својте редови бил тимот на Кјево и на 12 јули 2012 неговиот трансфер во клубот од Верона бил комплетиран. Кофи дебитирал за Кјево на 30 септември 2012 против Палермо. Својот прв погодок за клубот тој го постигнал на 6 јануари 2013 против Аталанта, со прекрасен волеј-удар по нафрлената топка од левата страна на Сирил Теро, носејќи му ја победата на својот тим со 1-0.

Џенова[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 2013-14, тој се вратил во Џенова.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кофи го направи своето деби за репрезентацијата на Гана на 8 септември 2012 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]