Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо
Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо — македонска патриотска народна песна која датира од времето на Отоманското Царство.
Изведба на песната[уреди | уреди извор]
Песната се изведува во мешан дует, но може да се изведува и соло. Напишана е како дијалог од четири строфи од кои првите три ги изведува машки вокал (при изведба во дует).
Интерпретација и снимки[уреди | уреди извор]
Песната е изведена и снимена од бројни популарни пејачи на народна музика во Република Македонија, во поранешна Југославија и во целиот балкански регион. Постојат поп, рок, џез верзии, па дури и класична верзија. Познати се изведбите на Анка Гиева, Виолета Томовска, Есма Реџепова, Тоше Проески, Горан Бреговиќ, Азра, Даница Обрениќ, Лаза Ристовски од Бијело дугме и др.
Филмови[уреди | уреди извор]
Песната е искористена во филмовите: Аризона дрим од Емир Кустурица и во Борат: културни лекции за Америка за придобивки на славната нација на Казахстан (иако нема врска со музиката од Казахстан).
Содржина[уреди | уреди извор]
Текстот на песната е на македонски јазик со турски архаизми.
Тоа е приказна за отомански великодостојник кој ѝ свири и пее серенада со тамбура на младата црномурна македонска девојка Анѓа (изведено име од Ангелина). Тој бара таа да се мажи за него и ѝ ветува богат и лесен живот со многу жолтици и бисери само да ја смени верата и да стане анама во неговиот харем. Девојката гордо и пркосно ги одбива неговите понуди велејќи дека нема да стане анама.
Текст[уреди | уреди извор]
- Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,
- што тамбурата свири.
- Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,
- анама да бидиш.
- Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,
- на чардак да седиш.
- На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,
- жолтици да броиш.
- Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,
- бисери да нижиш.
- Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,
- на грло да редиш.
- Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,
- анама не бивам.
- Анама не бивам, клето бре Турче,
- турски не разбирам.
Вистинската Калеш Анѓа[уреди | уреди извор]
Усното предание говори дека песната се заснова на вистински историски настан во регионот Мариово, поточно во селото Старавина.[1] Според истото, Калеш Анѓа за да избегне насилна исламизација извршила самоубиство скокајќи во провалија.
Калеш Анѓа во книжевноста[уреди | уреди извор]
Вдахновен од оваа приказна писателот Стале Попов во 1958 година го напишал романот Калеш Анѓа.
Аудио записи[уреди | уреди извор]
- Во изведба на Виолета Томовска Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Верзија на Тоше Проески Архивирано на 27 септември 2007 г.