Прејди на содржината

Ајдаред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајдаред
Хибрид од Јонатан x Вагнерово јаболко

Ајдаред е вид црвено јаболко од САД. Тоа е хибрид од две сорти на јаболка. За првпат било израснато во 1935 од Земјоделската експериментална станица на Ајдахо и од 1942 е широко распространето[1]. Ајдаредот е цврсто јаболко со бело ткиво, кисело и сочно. Заради ова особено се користи во кулинарството. Се бере од крајот на септември до средината на октомври. Отпорно и трајно е сè до крајот на јануари, а соодветно складирано, може да трае и до јуни.

Јаболка „Ајдаред“ на дрво

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Summary of the Idared“. Архивирано од изворникот на 2015-04-27. Посетено на 2008-02-10.