Ајвар (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Ајвар“ – српски филм од 2019 година, во режија на Ана Марија Роси. Главните улоги ги толкуваат: Сергеј Трифуновиќ, Наташа Нинковиќ, Весна Чипчиќ, Миодраг Крстовиќ, Бранка Петриќ и Гордан Кичиќ. Филмот постигнал огромен успех во кино-салите во Србија каде го гледале над 30 000 гледачи. Исто така, тој бил прикажан на околу 40 фестивали на кои освоил повеќе од 10 награди: Наташа Нинковиќ ја освоила наградата „Царица Теодора“ и била прогласена за најдобра глумица на уште четири други фестивали; исто така, и Сергеј Трифуновиќ ја освоил наградата „Цар Константин“ на Фестивалот во Ниш.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Вида и Бане се брачен пар кој веќе подолго време живее во Стокхолм. Тие имаат успешни кариери, доволно пари за пристоен живот и куче, но немаат деца. Вида се сомнева дека Бане има љубовница во Белград, но не зборува за тоа. За Велигден, тие доаѓаат во Србија...

Наводи[уреди | уреди извор]