Ашов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ашов (лево) со додаток на држачот
Ашови со D-додаток на држачот

Ашовземјоделска и хортикултурна алатка која служи за рачна основна обработка на земјиштето, расадување, вадење на садници и копање. Постојат ашови-ријачи и ашови за вадење и расадување на садниците.

Ашов-ријач[уреди | уреди извор]

Ашовот ријач служи за рачна основна обработка на земјиштето (риење). Се состои од лист и држач. Листот е од челик со долната ивица се рамни, шилесто, полукружно или рачно. Предната површина на листот е благо вдлабната. Димензиите му се: должина 24-27 (32) см, ширина 16-17,5 (23) см, а држачот го опфаќа оковот кој ја врзува листот во должина од 15 см. Масата на буткачот е од 1,5 кг до 2,7 кг. Држачите се од дрво (јасен) без додатоци на крајот или со D, Y или Т додаток. На пазарот се среќаваат и ашови со држачи од лесен металили со пластифицирани легури, а додатоците му се често од пластична маса, но и од мешовита смеса (јаглеродни влакна) и челик. Вкупна должина на ашовот е од 107-118 см, а масата од 1,8-2,2 кг.[1]

Ашов за вадење и расадување на садниците[уреди | уреди извор]

Ашови за вадење и расадување на садници се многу поробусни од ашовот ријач и оковот им допира и до половина на дрвениот држач поради силното оптоварување, отколку кај риањето. Поради тоа држачите му се од јако дрво (даб), од полн челик или челични цевки. Листот е нешто подолг отколку кај ријачот (26-30 см), а ширината варира во зависност од видот и староста на садницата која со него се вади, како и од типот на земјиштето. Масата им е од 2,3 кг кај оние со дрвениот држач до 6,3 кг кај оние со челичниот.

За вадење четинарски садници (кои обично се одгледуваат на глиненено земјиште, се вадат со бусен, и се користи мал број ашови чиј продор во земјиштето помалку го растресува бусенот. За вадење на малите садници со сеење и песковитите се користатат супстрати со широки ашови. Ширината на листовите на ашовите за вадење на садниците се движи од од 13,5-28 см.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грбић, М. (2010): Производња садног материјала – Технологија производње украсних садница. Универзитет у Београду, Београд. ISBN 978-86-7299-174-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]