Ашанти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ашанти
Асантефо
Јазици
Вероисповед
Сродни народи
Ајан, Фанте, Короманти

Ашанти (/ˈæʃɑːnˈt/) познати и како Асанте, се дел од етничката група Акан и потекнуваат од регионот Ашанти во денешна Гана. На нивниот јазик чви зборуваат над девет милиони луѓе како прв или втор јазик.[1][2][3]

Асанте, богат народ со злато ја развиле големата и влијателна Ашанти империја, по езерото Волта и Гвинејскиот Залив. Империјата била основана во 1670 година, а главниот град Кумаси бил основан во 1680 година од императорот Осеи Кофи Туту I.[4] Сместена на трговска крстосница, стратешката локација на Кумаси значително придонела за неговото богатство[5] и придонело да се претвори во финансиски центар и политичка престолнина каде цветала трговијата со предмети како злато и со робови.

Кралството Ашанти

Географија[уреди | уреди извор]

Езерото Босумтви, на територијата каде живее народот Ашанти

Регионот Ашанти има променлив терен, брегови и планини, засолниште за диви животни и строги природни резервати и национални паркови, шуми и пасишта, бујни земјоделски области,[6] и близу саваните,[7] богати наслаги на индустриски минерали, особено, злато.[8]

Територијата на која се населиле Ашанти е дом на вулканско кратерско езеро, езерото Босумтви, а се граничи со езерото Волта во рамките на централниот дел на денешна Гана.[9] Територијата Асанти (Кралство Ашанти) е густо пошумена, претежно плодна и до одреден степен планинска зона. Постојат две сезони - сезоната на дождови (април до ноември) и сувата сезона (декември до март). Во регионот е жешко во текот на целата година.

Денес луѓето Ашанти бројат близу 3 милиони. Чви, мнозински јазик, припаѓа на централниот тано јазик во рамките на јазиците Ква.[1][10]

Ашанти живеат во регионите Ашанти и Бронг Ахафо во Гана.[11] Градот Кумаси, главниот град на Ашанти (Кралство Ашанти), исто така било и историска престолнина на кралството Ашанти. Регионот Ашанти во моментот брои население од 11 милиони (11.000.000).

Денес, како и во минатото, регионот Ашанти продолжува да дава значителни придонеси во економијата на Гана. Ашанти е богато со индустриски минерали и погодно за земјоделие. Ашанти придонесува за домашното производство на храна во Гана и за девизите на Гана која заработува од какао, злато, боксит, манган, разни други индустриски минерали и дрва.[12] Кумаси и регионот Ашанти прават 96% од извозот на Гана.[6][8]

Историја[уреди | уреди извор]

Кумаси. Архитектура типична за Ашанти во тек на 18 и раниот 19 век, пред колонизацијата.

Ашанти Империја[уреди | уреди извор]

Осеи Кофи Туту I, воен водач и шеф на кланот Ојоко, го основал кралството Ашанти.[4][13] Осеи Туту добил поддршка од други водачи на кланови и користејќи го Кумаси како централна база, ги покорил околните држави. Осеи Туту ја оспорил и на крајот ја победил Денкира во 1701 година,

Согледувајќи ја слабоста на лабава конфедерација на државите Акан, Осеи Туту ја зајакнал централизацијата на околните групи Акан и го прошири судскиот систем на овластувања во рамките на централизираната влада. Така, оваа лабава конфедерација на мали држави прераснала во кралство или империја во обид да ја прошири својата земја. Новоосвоените области имале можност да се приклучат на империјата или да станат вазалски држави.[14] Опоку Варе I, наследникот на Осеи Туту, ги проширил границите.[15]

Суверенитет и независност[уреди | уреди извор]

Церемонија на Ашанти, во 19 век од Томас Едвард Боудих

Државата Ашанти остро се спротивставила на обидите на Европејците, главно Кралството Велика Британија, да ги освои. Ашанти го ограничиле британското влијание во регионот Ашанти кога Велика Британија си ги присвоила соседните области. Ашанти биле опишани како жесток организиран народ чиј крал „може да донесе на терен 200,000 мажи и чии воини очигледно не се плашат од снајперски пушки и 7-пинтерски пушки“.[16]

Ашанти била една од ретките африкански држави која сериозно се спротивставиле на европските колонизатори.[16] Помеѓу 1823 и 1896 година, Велика Британија и Ирска воделе четири војни против кралевите Ашанти - Англо-ашантски војни Во 1901 година, Британците конечно го поразиле кралството по војната во 1900 и конфедерацијата Ашанти била направена британски протекторат Ашанти, во 1902 година. Во 1926 година, Британците дозволиле репатријација на Премпех I - кого го протерале на Сејшелите во 1896 година [17][18]. Во 1935 година, Британците конечно му го далесуверенитет на Ашанти, како Кралство Ашанти, а титулата крал на Ашанти одново била воспоставена.[19]

Поради долгата историја на меѓусебна интеракција помеѓу Ашанти и европските сили, Ашанти има најголема количина на историографија во потсахарска Африка . Во 20-тите години на минатиот век, Британците ја каталогизирале религијата, семејниот и правниот систем на Ашанти во дела како што се законот и уставот на Роберт Сатерленд Ратрај, Ашанти .[20]

Култура и традиција[уреди | уреди извор]

Кенте

Културата Ашанти го слави фестивалот Адае, Адае Кесе, Авукудае и Ашанти Јам.[21] Сеперева, 10-14 жичана харфа-лута, како и тапаните Фонтомфром, се двата типични инструменти за поврзани со Ашанти, како и облеката кенте.[22]

Обичаи[уреди | уреди извор]

Ашанти се матрилинско општество каде линијата на потекло се проследува низ жената. Историски гледано, оваа мајка за потомските односи определува права на земјиштето, наследство на имотот и титулите.[23] Точно е и дека Ашанти наследуваат имот од татковската страна на семејството.

Кенте фестивал во 2019

Иако не се смета за важна како мајката, машката интеракција продолжува на местото на раѓање по бракот.[23]

Историски гледано, на девојката Ашанти ѝ се давал златен прстен наречен „петија“ (те сакам), ако не во детството, веднаш по ритуалот на пубертетот.[23] Бракот следел наскоро и нормално по овој ритуал Ритуалот на пубертетот бил и е значаен бидејќи означува премин од детството кон зрелоста и се изведувал секојпат пред бракот. Ашанти барале семејството на момчето да дава разни дарови на девојчето, не како „цена на невестата“, туку за да се потпише договор меѓу двете семејства.

Закон и правен систем[уреди | уреди извор]

Во каталогизацијата на семејните и правните системи на Ашанти законот се предвидува дека сексуалните односи меѓу маж и одредени жени се забранети, иако не се крвно поврзани.[20] Казната за прекршок е смрт, иако не носи иста стигма кај кланот Ашанти како инцестот. Забранети се сексуални односи помеѓу маж и која било од следниве жени:

  1. Полусестра од еден татко, но од мајка од различен клан;[20]
  2. Ќерката на татковиот брат (братучетка);
  3. Жена од ист татко (полусестра);
  4. Сопругата на братот;
  5. Жената на синот;
  6. Мајката на сопругата;
  7. Жената на чичкото;
  8. Жена на кој било човек од истата „компанија“;
  9. Жена на кој било човек од истиот еснаф или трговија;
  10. Жена на свој роб;
  11. Друга сопруга на својот татко од различен клан.

Јазик[уреди | уреди извор]

Поздрави фрази Ашанти чви ; „akwaba“ (добредојде) и „ ɛte sɛn “ (како си).

Народот Ашанти зборува Ашанти чви, што е официјален јазик на регионот Ашанти и главниот јазик што го зборуваат во Ашанти.[24][25][26][27] Ашанти јазикот го зборуваат преку 9 милиони луѓе, како прв или втор јазик. Ашанти е официјален јазик користен за описменување во Ашанти, во основно образование а се изучува и на универзитет.

Јазикот Ашанти и Ашанти чви имаат некои уникатни јазични одлики како тон, самогласна хармонија и назализација .[24][25][26][27]

Религија[уреди | уреди извор]

Ашанти ја следат религијата Акан и религијата Ашанти (традиционална религија која се чини дека умира бавно, но се оживува само во поголеми специјални прилики - сепак се подложува на глобално заживување низ дијаспората), заедно со христијанството (римокатолицизам, англиканизам и протестантизам ) и исламот .

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ashanti » Asante Twi (Less Commonly Taught Languages)“. University of Michigan College of Literature, Science, and the Arts. University of Michigan. Архивирано од изворникот на 2016-05-15. Посетено на 2015-08-01.
  2. „Asante » Asante Twi“. ofm-tv.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-30. Посетено на 2015-08-01.
  3. Sheard, K. M. „Ashanti Warlike Meaning (Llewellyn's Complete Book of Names for Pagans, Wiccans, Witches, Druids)“.
  4. 4,0 4,1 „United Asante States Under Nana Osei Tutu I“. asantekingdom.org. Архивирано од изворникот на 2015-08-11. Посетено на 2015-08-01.
  5. „History Of The Asante Confederay » Restoration Of The Asante“. asantekingdom.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2015-08-01.
  6. 6,0 6,1 „Meet-the-Press: Ashanti Region“. Посетено на 1 August 2015.
  7. „Issues Of Tropical Forest Transformation in Ashanti Region“. ajol.info. African Journals OnLine.
  8. 8,0 8,1 „GHANGOLD Case“. Архивирано од изворникот на 25 September 2015. Посетено на 1 August 2015.
  9. „Ashanti Region Executive Summary“. Посетено на 1 August 2015.
  10. „Ashanti » Asante Twi“. ofm-tv.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-30. Посетено на 2015-08-01.
  11. „Seventy Five Years After The Restoration of Asanteman“. asantekingdom.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 2015-08-01.
  12. „The Historic And Present Importance Of Asante- Its Culture And Economy“. asantekingdom.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 2015-08-01.
  13. Kevin Shillington, History of Africa, St.Martin's, New York, 1996 (1989), p. 194
  14. Giblert, Erik Africa in World History: From Prehistory to the Present 2004
  15. Shillington, loc. cit.
  16. 16,0 16,1 The Newfoundlander. The Newfoundlander. 16 December 1873. стр. 6500.
  17. „The Exile of Prempeh in the Seychelles“. Kreol International Magazine. 2012. Архивирано од изворникот на 23 January 2015. Посетено на 24 July 2015.
  18. „Asantehene visits Seychelles“. Modern. 5 July 2007. Посетено на 1 August 2015.
  19. „Ashanti.com.au“. Ashanti.com.au. Посетено на 24 July 2015.
  20. „The Adae Kese Festival“. Посетено на 27 July 2015.
  21. Noam (Dabul) Dvir. „Peres hosts Ashanti king in Jerusalem“. Ynetnews. Ynet. Посетено на 1 August 2015.
  22. 23,0 23,1 23,2 Peter Herndon. „Family Life Among the Ashanti“. yale.edu. Yale University. Посетено на 1 August 2015.
  23. 24,0 24,1 „Ashanti » Ashanti Twi (Less Commonly Taught Languages)“. University of Michigan College of Literature, Science, and the Arts. University of Michigan. Архивирано од изворникот на 2016-05-15. Посетено на 2015-08-01.
  24. 25,0 25,1 „Ashanti » Ashanti Twi“. ofm-tv.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-30. Посетено на 2015-08-01.
  25. 26,0 26,1 „Ashanti (Twi) – Ashanti language“. amesall.rutgers.edu.
  26. 27,0 27,1 Language The Alternation Strategies in Multilingual Settings. Peter Lang. 2006. стр. 100. ISBN 0-82048-369-9.

Литература[уреди | уреди извор]