Ацо Петровиќ (кошарка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Петровиќ

Александар „Ацо“ Петровиќ (14 октомври 1959 – 1 декември 2014) бил српски кошаркарски тренер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Петровиќ својата тренерска кариера ја започна во Раднички Белград, каде помина четири години. Потоа, тој беше помошник тренер на Црвена звезда и го освои првенството на Југославија 1997–98.[1] Тој исто така ги водеше ФМП Железник [2] и Хемофарм Вршац од домашните клубови.

Првиот странски ангажман беше во Русија во тимот на Локомотив Ростов, а со нив дојде до финалето во 2005 година на FIBA Europe Conference North . Исто така, Петровиќ водел повеќе од странските клубови УНИКС,[3] Жалгирис [4] и Азовмаш .[5]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Петровиќ беше помошник тренер на Светислав Пешиќ во репрезентацијата на Југославија, со кого го освои златото на ЕП 2001 во Турција и една година подоцна на Светското првенство во Индијанаполис. Има и сребрен медал од ЕП 2009 во Полска кога беше во стручниот штаб на Душан Ивковиќ.

Болест и смрт[уреди | уреди извор]

За време на неговата работа во клубот УНИКС била откриена болеста амиотрофична латерална склероза, а потоа Петовиќ престанал да тренира. Последниот натпревар на УНИКС предводен од него беше против неговиот поранешен клуб Црвена звезда во Еврокупот 2012–13. Починал на 1 декември 2014 година на 55-годишна возраст.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ацо Петровић тренер Звезде
  2. ФМП сменио тренера, Ацо Петровић уместо Ђокића[мртва врска][мртва врска]
  3. Петрович возглавил УНИКС
  4. Žalgiris hires Aco Petrovic as head coach
  5. Coach Aco Petrovic leaves Azovmash Mariupol
  6. „Basketball coach Aleksandar 'Aco' Petrovic dies“. InSerbia. December 3, 2014. Посетено на December 3, 2014.