Ацко Маркоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ацко Велев Маркоски ( 1926 во Бигор Доленци, Кичевско1944 во Битола) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделски работник. Во НОВ на Македонија, стапил во редовите на Петнаесеттата македонска ударна бригада во есента 1944 година. Со Бригадата учествувал во борбите за конечното ослободување на Кичево на 15 ноември 1944 година. Во борбите со балистите кај селото Зајас бил тешко ранет од каде бил пренесен во болница во Битола, но по кусо боледување починал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 79.