Ахул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ахул
Mothman2.jpg
Видкриптид
Подвид"Живи диносаурус"
Криптозоолошки влекач,
Криптозоолошки цицач
Подрачје Индонезија
Живеалиштеџунгла

Ахул (англиски: Ahool) е криптид кој наводно живее во шумите на острвот Јава[1]

Етимологија на називот[уреди | уреди извор]

Името на ова суштество доаѓа од звукот кој го произведува овој криптид [1][2].

Други називи за ахул се атул (Athol) и аул (Aul)[1].

Опис на ахул[уреди | уреди извор]

Го опишуваат како суштество кое личи на голем лилјак прекриен со тамносиво крзно. Лицето на ова суштество наликува на човеколик мајмун[1][3]. Распон на крилата на ова суштество е околу 3 метри, со црвенкаста боја на кожата од долната страна на крилата. Ноќно животно е и се храни со риби и помали шумски животни. Територијално животно е и знае да нападне луѓе со своите оштри канџина нозете.

Во креационизмот[уреди | уреди извор]

Според зборовите на креационистите ахул е еден од доказите за постоење на живи диносауруси. Тие го опишуваат како суштество кое наликува на птеросаурус. Висок е 1,40 метар, има кожнати крилја со распон околу 3 метари кои наличуваат на крилта кај лилјакот, црна-тамнокостенлива кожа без влакна, има тенок и краток врат, долг клун со ситни заби и мали кратки нозе. Ова суштество се храни со риби и активно е и преку ден и во ноќта[4].

Хронологија на средби со ова суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Во 1925 година др. Ернест Бартелс[5][6] е првата личност која известувала и запишала постоење на ова суштество. Според неговите зборови ахул живее во најдлабоките делови во џунглата на острвот Јава.

Можни објаснувања за овој криптид[уреди | уреди извор]

Постојат неколку можни објаснувања за овој криптид:

  • Што се однесува до звуците кои ги произведува ахул можно објаснување е јавански или Бартелсов костенлив шумски був (латински јазик|Strix leptogrammica bartelsi)[7] - подвид на костенлив шумски був (латински јазик|Strix leptogrammica) кој населува на острвот Јава. Овој був е познат по гласно, силно хоох огласување со долги паузи помеѓу повторувањата;
  • Што се однесува до видувањата на ахул можни објаснувања се:
    • јавански или Бартелсов костенлив шумски був [8][9],
    • обичен дамкаст шумски був (латински јазик|Strix seloputo seloputo) – подвид на дамкаст шумски був (латински јазик|Strix seloputo) кој се населува на острвот Јава[7][8][9],
  • и голема летечка лисица (латински јазик|Pteropus vampyrus) – вид на лилјак кој може да се најде на оствот Јава.

Види уште[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Coleman, Loren; Clark, Jerome (1999.). Cryptozoology A to Z: the encyclopedia of loch monsters, Sasquatch, Chupacabaras, and other authentic mysteries of nature. New York: Fireside. ISBN 0-684-85602-6. 
  • del Hoyo, J.; Elliott, A.; Sargatal, J. (1999.). Handbook of Birds of the World, Volume 5: Barn-owls to Hummingbirds. Barcelona: Lynx Edicions. ISBN 84-87334-25-3. 
  • Eberhart, George M. (2002.). Mysterious Creatures: A Guide to Cryptozoology. ABC-CLIO. стр. 7. ISBN 1-57607-283-5. 
  • Shuker, Karl (2003.). The Beasts That Hide From Man. New York: Paraview. ISBN 1-931044-64-3. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Eberhart, George M. (2002.). Mysterious Creatures: A Guide to Cryptozoology. ABC-CLIO. стр. 7. ISBN 1-57607-283-5. 
  2. Bats, including megabats, are either silent to the human ear or produce high-pitched shrieks; if threatened they may also snarl. The known bats are physically incapable to produce the loud calls ascribed to the ahool. 
  3. „Cryptozoo-oscity: Giant Bats Bats, truth or fiction?“. 
  4. „Phantoms and Monsters: Paranormal Activity, Bigfoot, Mothman, UFOs and Other Unexplained Phenomena“. 
  5. Coleman & Clark 1999., стр. 26
  6. Unknown Explorers - AhoolШаблон:Ботовски наслов
  7. 7,0 7,1 Description details from Holt et al. (1999)
  8. 8,0 8,1 For example, though it can be reasonably well conjectured from its relatives little actual field data exists at which altitudes they are found (Holt et al. 1999.)
  9. 9,0 9,1 Named in honor of M.E.G. Bartels, the father of Ernest

Надворешни врски[уреди | уреди извор]