Ахагар
Национален парк „Ахагар“ | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Ахагар на карта на Алжир | |
Место | Таманрасет, Алжир |
Најблизок град | Таманрасет |
Координати | 22°08′N 6°10′E / 22.133° СГШ; 6.167° ИГД |
Површина | 3.800 km2 (1,500 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1987 |
Ахагар (арапски: جبال هقار) — планински масив кој се наоѓа во централниот дел на пустината Сахара, во Југоисточен Алжир.
Географија
[уреди | уреди извор]Овој планински регион се наоѓа на околу 1.500 километри јужно од главниот град Алжир. Просечната надморска височина е околу 900 метри, а највисоката точка е врвот Тахат (3003 метри)[1]. Планините покриваат површина од околу 550.000 квадратни километри[1]. Планинскиот масив е составен главно од метаморфни карпи пред околу 2 милијарди години, иако постојат области каде вулканот има утврдено многу понови карпи[1].
Климата во Ахагар е тропско-пустинска, со ретки врнежи. Сепак таа е умерена за разлика од соседните пониски области на Сахара, а во стрмните кањони водата испарува побавно, образувајќи вирови и подобри услови за вегетација. Поради тоа, на рисорамнината се среќаваат повеќе биолошки видови, од кои некои се многу ретки.
Жителите на Ахагар се од етничката група Имухаг, кои произлегуваат од Туарезите. Најголемиот град во близина на висорамнината е Таманрасет, кој е сместен на еден од главните транссахарски патишта. Денес Ахагар е една од главните туристички атракции во Алжир и еден од десетте национални паркови на Алжир. Овој национален парк има површина 3 800 км² и бил основан во 1987 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 32–33. ISBN 0-89577-087-3.
„Ахагар“ на Ризницата ? |
- (француски) A website about the park Архивирано на 13 октомври 2004 г.
- Park data on UNEP-WPMC Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Ahaggar National Park - The Biodiverse Home of the Saharan Cheetah