Прејди на содржината

Африн (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реката Африн јужно од Африн, Сирија

Реката Афринпритока на реката Оронтес во Турција и Сирија. Извира во Карталските планини во покраината Газиантеп во Турција, тече на југ низ градот Африн во северозападна Сирија, а потоа повторно влегува во Турција. Се спојува со реката Карасу на местото на поранешното езеро Амик, а преку канал неговите води течат до Оронтес.[1]

Вкупната должина на реката е 131 километар, од кои 54 километри се во Сирија. Нејзиниот слив зафаќа површина од 3.920 км². Околу една четвртина од водата на реката е во Сирија. Попрецизно, околу 250 милиони м3 од годишниот проток на реката доаѓа од покраината Хатај во Турција, додека околу 60 милиони м3 потекнуваат од Сирија. Реката е воздржана од Африновата брана во Сирија, северно од градот Африн.[2]

  1. Antakya Chamber of Commerce: Geographical location Архивирано на 8 октомври 2010 г.
  2. „7: Orontes River Basin“ (PDF), Inventory of Shared Water Resources in Western Asia, Beirut: UN-ESCWA and BGR (United Nations Economic and Social Commission for Western Asia; Bundesanstalt für Geowissenschaften und Rohstoffe), 2013, Посетено на 2017-03-22