Прејди на содржината

Африкански кукли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кукла со монистри, Нтвана

Африканските кукли низ целиот континент се создаваат за младите девојки да си играат со нив и како амајлија за да може да се обезбеди плодност кај жените. Нивната форма и костим е различен поради нивните региони и обичаите. Куклите често се пренесуваат од мајка на ќерка. Западните кукли се популарни во Африка и често се облечени во нивната традиционална облека.

Кога концептот на куклите се разгледува во контекст на африканската култура, тие обично не се среќаваат како детски играчки, туку предмети полни со ритуални и религиозни асоцијации во рамките на заедницата. Африканските кукли се користат за учење и забава. Тие се сметаат за натприродни посредници и се манипулираат за ритуални цели. Секоја од овие кукли е различна и посебна бидејќи е рачно изработена и традиционално се пренесува низ генерации.

Ндебеле кукли

[уреди | уреди извор]

Куклите Линга Коба поттекнуваат од народот Ндебеле кој што се наоѓа во Јужна Африка. Ндебеле, едно од најмалите племиња во регионот, е познато по своите обоени домови во јаки бои кои се издвојуваат во еднобојната природа. Нивната облека е обично шарена. Изработката со монистра на овие кукли Ндебеле е подеднакво детална како и облеката на самите жени.

За време на додворувањето, додворувачот ќе постави кукла пред колибата на една млада жена, укажувајќи дека неговата намера е да ѝ предложи брак. Кога млада жена се подготвува да се омажи, ѝ се дава кукла која таа ја именува и за која таа се грижи. Потоа нејзиното прво дете се именува по куклата.

Покрај зајакнувањето на културниот идентитет на Ндебеле, куклите Ндебеле со монистра сега се важен извозен производ и многу потребен извор на приход за жените во Ндебеле.

Коса кукли

[уреди | уреди извор]

Коса кукли за плодност

[уреди | уреди извор]

Куклите за плодност од народот Коса се кукли со монистра, направени и носени од жени познати како Коса. Куклата е исто така позната и како „љубовна кукла“. Се прави со цел да привлече добар сопруг за одредена жена, а исто така и да ја зголеми плодноста со цел да се родат повеќе деца. Се верува дека куклите имаат натприродни магични моќи. Младите девојки Коса се охрабрувани од страна на постарите жени, да ги носат куклите околу вратот за да ја зголемат својата плодност. Младите девојчињата обично ја добиваат првата ваква кукла од страна на нивните родители кога ќе започнат со практикувањето на иницијација. Девојчето треба внимателно да се грижи за неа бидејќи се верува дека ако се изгуби или оштети, постои шанса дека кога ќе роди нејзиното дете, тоа ќе умре. По раѓањето на своето прво дете, младата мајка треба да ја врати куклата назад кај своите родители за да ја користи помладата сестра во семејството. Традиционално, младите жени не треба отворено да покажуваат дека бараат сопруг, затоа често се видени да носат „љубовни кукли“ за привлекување во текот на ноќта. Овие тајни ѓердани обично се состојат од машка и женска кукла на еден ѓердан, додека оние што ги носат отворено имаат само една кукла прикачена за ѓерданите. Мажените жени ги носат куклите и како ѓердан за да ја прикажат својата желба да имаат деца пред заедницата и предците.

Карактеристики

[уреди | уреди извор]

Куклите се направени од мали шишиња, пченкарни кочани, чаури за куршуми или мали ролни памучни платна, кои потоа се прекриваат со монистра. Куклата кога ќе ја завршат ја вградуваат во ѓердан. На почетокот на 20 век, Музејот на Источен Лондон имал колекција кукли поврзани со плодноста од народот Коса, кои во тоа време биле опишани како „импресионистички“. Во моментов, сите кукли се направени од стаклени монистри, и затоа стаклените монистри станале составен дел од традицијата на Коса.

Кукли од колиби

[уреди | уреди извор]

Ксесибе (племе Коса од Источен Кејп) исто така имаат обичај да користат „кукли од колиба“. Овие кукли се резбани од дрво и тие се ставаат на покривите од колибите на жените кои што немаат деца или кога жената ја сметаат за неплодна од страна на гатач како молба до предците да испратат бебе во домот. Куклата често може, но и не мора да има монистра на неа. Се остава куклата на покривот се додека не се роди детето, кога ќе се роди детето куклата се гори заедно со плацентата на детето.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Камерон, Елизабет. Не е ли тој/таа кукла? Игра и ритуал во африканската скулптура . Лос Анџелес: Музеј за културна историја Фаулер на UCLA, 1996.
  • Даган, Естер А. Африкански кукли за игра и магија . Монтреал: Галерија Амрад Африкански уметности, 1990.
  • Грин, Јако. Африкански кукли од хартија за девојчиња и момчиња . Њујорк: Довер Публикации, Инк. 1997
  • Ларсон, Џек Ленор. Народна уметност од глобалното село . Санта Фе, Ново Мексико: Издавачка куќа на Музејот на Ново Мексико, 1995.