Африканизирана пчела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Африканизирана пчела, исто така позната како африканизираната медоносна пчела, е хибрид од видовите на западната медоносна пчела (Apis mellifera), која била создадена со мешање на источно африканската медодоносна пчела (A. m. scutellata) со разни европски медоносни пчели како што е италијанската медоносна пчела A. m. ligustica и иберската медоносна пчела A. m. iberiensis.

Африканизираната медоносна пчела за првпат била донесена во Бразил во 1956 година во обид да се зголеми производството на мед, но 26 роеви избегале од карантинот во 1957 година. Оттогаш, хибридот се раширил низ Јужна Америка и пристигнал до Северна Америка во 1985 година. Колонија од африканизирани пчели биле пронајдени во јужниот дел на Тексас во Соединетите Американски Држави во 1990 година.[1]

Африканизираните пчели се вообичаено многу поодбранливи од други сорти на пчели и реагираат на напади побрзо од европските пчели. Тие можат да бркаат некое лице 400 метри; имаат убиено околу 1.000 луѓе, при што жртвите се боцкани десет пати повеќе жртви на европските пчели.[1] Тие имаат убиено и коњи и други животни.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Постојат 29 признати подвидови на западна медоносна пчела кои главно се разликуваат поради географски варијации. Сите подвидови може да се размножуваат меѓу себе. Географската изолација довела до бројни локални прилагодувања. Овие адаптации вклучуваат циклуси на поголемо размножување, синхронизирани со периодот на цветање на локалната флора, формирање на зимски кластер во постудените клими, миграцијата во Африка, минување на големи далечини во пустинските области за собирање на полен, и други бројни наследни црти.

Африканизираните пчели во западната полутопка потекнуваат од кошници со кои управувал биологот Ворвик Естевам Кер, во кои меѓусебно се размножувале пчели од Европа и јужна Африка. Кер се обидувал да одгледа вид на пчели што ќе произведат повеќе мед во тропски услови отколку европските видови на пчели што се користат низ Северна, Централна и Јужна Америка. Кошниците што го содржеле овој африкански подвид биле сместени во пчеларник во близина на Рио Кларо, Сао Паоло, на југоистокот на Бразил, и било забележано дека се посебно одбранбени. Овие кошници биле опремени со специјални ѕидови со кои се спречувале поголемите матици и трутови да излезат и да се парат со локалните европски пчели. Според Кер, во октомври 1957 година, пчеларот кој ја посетил кошницата, забележал дека ѕидовите им сметале на работните пчели, па ги отстранил, после што се случило ослободување на 26   танганикански роеви од A. m. scutellata. После ова случајно ослободување, африканизираните роеви се рашириле и се размножувале со локалните европски колонии.

Потомците на овие колонии оттогаш се рашириле низ двете Америки, движејќи се низ басенот на реката Амазон во 1970-те г., преминувајќи во Средна Америка во 1982 година и стигнале до Мексико во 1985 година.[4] Бидејќи нивното движење низ овие региони било брзо и во голема мера без помош од луѓето, африканизираните пчели станале познати како озлогласен инвазивен вид.[5] Откако пчелите убијци пристигнале во САД предизвикале медиумска сензација кон крајот на 1970-те г., инспирирале неколку хорор филмови,[6] и предизвикале дебата за способноста на луѓето да го изменат целиот екосистем.

Првите африканизирани пчели во САД биле забележани во 1985 година на нафтено поле во долината Сан Хоакин во Калифорнија. Експертите за пчели сметале дека колонијата не допатувала по копно, туку пристигнала скриена во товарот со цевка за дупчење на нафта испратена од Јужна Америка.[7] Првите постојани колонии пристигнале во Тексас, од Мексико, во 1990 година. Во регионот Тусон, Аризона, една студија за заробени роеви во 1994 година открила дека само 15 проценти биле африканизирани пчели, но овој број пораснал на 90 проценти до 1997 година.[8]

Особености[уреди | уреди извор]

Иако, африканизираните пчели покажуваат одредени карактеристики на однесување што ги прави непожелни за комерцијално пчеларство, како на пример прекумерната одбрана и напад, сепак тие станале доминантен вид на медоносна пчела за пчеларството во Централна и Јужна Америка заради нивната генетска доминација, како и можноста да произветуваат повеќе мед од европските видови.

Африканизираните пчели, за разлика од другите западни типови пчели:

  • Имаат тенденција почесто да напаѓаат во рој и да одат подалеку од другите видови медоносни пчели.
  • Мигрираат во сезоните кога има намален достап на храна.
  • Целата колонија ја остава кошницата и се преместува на друга локација, поради влошување на условите.
  • Имаат поголема одбрана дури и кога се одмараат за разлика од другите видови медоносни пчели.
  • Живеат почесто во подземни шуплини од европските видови.
  • Ја чуваат кошница поагресивно, со поголема алармна зона околу кошницата.
  • Имаат поголем процент на чувари пчели во кошницата.
  • Видливата закана ја бркаат на подолги растојанија од кошница.
  • Не можат да преживеат подолги периоди на лишување од полен, поради што не можат да преживеат во области со сурови зими или екстремно суви долги лета.

Ширење низ Северна Америка[уреди | уреди извор]

Карта што го покажува ширењето на африканизираните медноносни пчели во Соединетите држави од 1990 до 2003 година

Африканизираните медоносни пчели се сметаат за инвазивен вид во двете Америки. Од 2002 година, африканизираните пчели се ширеле од Бразил и северна Аргентина на југ до Средна Америка, Тринидад, Мексико, Тексас, Аризона, Невада, Ново Мексико, Флорида и јужна Калифорнија кон север. Нивната експанзија застанала за некое време во источниот дел на Тексас, веројатно поради голема локална популација на пчели во областа. Сепак, пронауѓувањето на африканизираните пчели во јужна Луизијана укажува дека тие ја преминале оваа бариера,[9] или преминале со помош на брод.

Во јуни 2005 година, откриено е дека пчелите навлегле во Тексас и се рашириле во југозападниот дел на Арканзас . На 11 септември 2007 година, комесарот Боб Одом од Одделот за земјоделство и шумарство во Луизијана рекол дека африканизираните пчели се зацврстиле во областа на Њу Орлеанс.[10] Во февруари 2009 година, африканизираните пчели биле забележани дури и во јужниот дел на Јута.[11][12]

Во октомври 2010 година, 73-годишен маж бил убиен од рој на африканизирани медоносни пчели додека го чистел дворот на неговиот имот во јужна Џорџија. Во 2012 година, државните службеници во Тенеси објавиле дека за првпат била пронајдена колонија на африканизирани пчели измешана со други колонии кај пчелар во округот Монро.[13] Во јуни 2013 година, 62-годишната Лери Гудвин од Муди, Тексас била убиена од рој на пчели.[14]

Во тропските предели, тие ефективно се справиле со европските пчели, а кога биле најбрзи, тие се ширеле кон север со брзина на скоро два километра на ден. Имало дискусии за успорување на ширењето со поставување на голем број на пасивни кошници на европски пчели на стратешки локации, особено на Панамаскиот канал, но разни национални и меѓународни земјоделски оддели не можеле да го спречат проширувањето на пчелите. Тековното знаење за генетиката на овие пчели сугерира дека таквата стратегија, доколку би била пробана, не би била успешна.[15]

Како што африканизираната пчела мигрира кон север, нивните колонии продолжуваат да се мешаат со европските медоносни пчели. Во студијата спроведена во Аризона во 2004 г., забележано е дека роевите на африканизираните пчели можат да ги преземат кошниците на ослабени европски медоносни пчели со инвазија, а потоа убивање на европската матица и воспоставување на сопствена матица.[16] Денес има релативно стабилни географски зони во кои доминираат или африканизираните пчели, присутна е мешавина од африкаизираните и европските пчели, или се наоѓаат само не-африканизираните пчели, како во јужните делови на Јужна Америка или северните делови на Северна Америка.

Кошница на африканизирани пчели кај индиската заедница на реката Гила

Африканизираните медоносни пчели ја напуштаат кошницата и своите резерви на храна за да започнат во нова локација почесто отколку европските пчели. Ова не е многу лоша загуба во тропските клими каде растенијата цветаат цела година, но во поумерени климатски услови може да остане колонијата без доволно храна за да преживее преку зима. Така, африканизираните пчели се очекува да бидат опасност претежно во јужните држави на САД, достигнувајќи северно до заливот Чесапикеј на исток. Студените временски ограничувања на африканизираната пчела довело до некои професионални пчелари од Јужна Калифорнија да се преселат до северниот дел на Сиера Невада и јужниот дел на Каскадите каде што климатските услови се построги. Ова е потешко подрачје за да се подготват пчели за рано опрашување, како што е потребно за производство на бадеми.

Пристигнувањето на африканизираната пчела до Средна Америка ја загрозува одржувањето на Melipona без боцкени пчели во шупливо дрво, иако тие не се мешаат или директно се натпреваруваат едни со други. Производството на мед од единечна кошница на африканизирани пчели може да биде 100 кг годишно кое што далеку ги надминува малиот број на 3-5 кг мед од без боцкените видови. Со тоа економскиот притисок ги принудуваат пчеларите да се префрлат од традиционалните пчели на нивните предци во новата реалност на африканизираната медоносна пчела. Дали тоа ќе доведе до нивно истребување е непознато, но тие се добро прилагодени да опстанат во дивината, а има и голем број на домородни растенија кои африканизираните пчели не ги посетуваат.

Африканизирани пчели собираат полен во пустината Мохаве

Собирање на храна[уреди | уреди извор]

Африканизираните пчели имаат збир на карактеристики за собирање на храна. Африканизираните пчели започнуваат да помагаат во барање на храна во млади години и собираат поголема количина на полен во однос на европските видови (Apis mellifera). Ова може да биде поврзано со високата стапка на репродуктивноста на африканизираната пчела, која и е потребно повеќе полен за да се храни поголемиот број на ларви.[17] Африканизираните пчели се исто така чувствителни на сахароза при пониски концентрации. Оваа адаптација предизвикува да собираат ресурси со ниски концентрации на сахароза меѓу кои се вода, полен и неконцентриран нектар. Студија што ја споредува A. m. scutellata и A. m. ligustica објавена од Февел и Бертрам во 2002 година сугерира дека диференцијалната еволуција на ова однесување се должи на различните притисоци во животната средина што ги доживуваат африканските и европските подвидови.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Africanized Bees“. Encyclopedia SI. Smithsonian Institution. Посетено на 7 Dec 2018.
  2. „Thousands of bees attack Texas couple, kill horses“. CBS News. Архивирано од изворникот на 2016-06-10. Посетено на 2016-05-17.
  3. „Thousands of bees attack Texas couple, kill horses“. Travelers Today. 2013-07-29. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на 2016-05-17.
  4. Winston, M. L. (1992). Killer bees: The Africanized honey bee in the Americas. Harvard University Press.
  5. „Africanized Honey Bee“. University of Florida. Посетено на 2018-06-29.
  6. „Africanized Honey Bees“. University of Florida. Посетено на 2018-06-29.
  7. Le Page, Andrew (10 May 1989). „San Diego officials setting traps for expected arrival of 'killer bees'. Los Angeles Times.
  8. Sanford, Malcolm T. (2006). „The Africanized Honey Bee in the Americas: A Biological Revolution with Human Cultural Implications“. American Bee Journal.
  9. „African Honey Bees“. Ars.usda.gov. United States Department of Agriculture. Архивирано од изворникот на 18 October 2010. Посетено на 19 October 2010.
  10. 'Killer bees' descend on New Orleans“. Digitaljournal.com. 2007-09-12. Посетено на 19 October 2010.
  11. „African bees found in Utah for the first time“. Oregon Live. 12 February 2009. Архивирано од изворникот на 12 September 2016.
  12. „Africanized bees“. Utah Department of Agriculture and Food. Архивирано од изворникот на 2010-10-20. Посетено на 19 October 2010.
  13. „Africanized bees found in East Tennessee“. Bloomsburg. 2012-04-10. Посетено на 2012-04-11.
  14. 'Killer bees' leave Texas man dead, woman in serious condition“. NBC News. 2 June 2013. Посетено на 4 June 2013.
  15. „African honey bee: What you need to know“. Edis.ifas.ufl.edu. University of Florida. Архивирано од изворникот на 2008-06-23. Посетено на 2011-01-05.
  16. Schneider, S.S.; Deeby, T.; Gilley, D.C.; Degrandi-Hoffman, G. (2004). „Seasonal nest usurpation of European colonies by African swarms in Arizona, USA“. Insectes Sociaux. 51 (4): 359. doi:10.1007/s00040-004-0753-1.
  17. „Some differences between temperate European and tropical African and South American honeybees“. Bee World. 64: 12–21. 1983. doi:10.1080/0005772x.1983.11097902.
  18. Fewell, Jennifer H.; Bertram, Susan M. (2002). „Evidence for genetic variation in worker task performance by African and European honeybees“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 52 (4): 318–325. doi:10.1007/s00265-002-0501-3.