Афера „Сина птица“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артикл во весникот „Нова Македонија“, напишан од претставници на секција во ВМРО-ДПМНЕ.

Сина птица е афера која избила во 1992 г. во Република Македонија. Во јавноста, Службата за државна безбедност била обвинета дека се обидела да формира паравоена формација во рамките на ВМРО-ДПМНЕ за да се компромитира истата како демократска политичка партија.[1] Аферата го добива името според хотелот „Сина птица“ каде што бил одржан состанок помеѓу претставници на секција во ВМРО-ДПМНЕ и претставници на МВР и АРМ, на тема состојбите во тоа време во Република Македонија.[2]]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сина птица беше конструкција на одредени структури во службите. Основата беше да се направи паравоена структура во рамките на ВМРО ДПМНЕ и во одредена фаза да се искомпромитира ВМРО ДПМНЕ како политичка партија“. - Љубчо Георгиевски, тогаш претседател на партијата — „Афера „Сина птица“: Тајните служби и обработката на членови на ВМРО ДПМНЕ“[мртва врска]
  2. На состанокот што беше одржан помеѓу група патриоти на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, МВР и АРМ беа изнесени поединечните мислења на секој присутен во врска со состојбите во Македонија — „Демистификација на состаноко во Сина птица“ (весник „Нова Македонија“).