Афаг Баширгизи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Афаг Баширгизи во 2019
Афаг Баширгизи во 2019
Роден(а)Афаг Башир гизи Сафарова
15 август 1955(1955-08-15)(68 г.)
Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република
НационалностАзербејџан
Занимањеглумица
Активен период1973–

Афаг Баширгизи (азербејџански: Afaq Bəşirqızı), родена Афаг Башир гизи Сафарова (1955, Баку, азербејџански: Afaq Bəşir qızı Səfərova) — азербејџанска глумица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Афаг Баширгизи е родена во 1955 година во семејството на познатиот азербејџански комичар Башир Сафароглу. Од 1974 до 1979 година студирала на Факултетот за културно образование на Државниот универзитет за култура и уметност на Азербејџан. Својата глумечка кариера ја започнала во 1973 година во Државниот драмски театар Ленкоран, набрзо стекнувајќи репутација на талентирана глумица. Во 1975 година, таа се преселила во Сумгаит за да работи во Драмскиот театар во Сумгаит. Глумејќи главно во комедии, Афак Баширгизи била наведена како една од најдобрите азербејџански комичарки. Една од нејзините најдобри изведби била улогата на Сојлу, сопруга на неуспешен поет и бремена мајка на шест деца, во филмот Вереничкиот прстен.[1]

Во 1989 година, таа започнала да работи во Драмскиот театар на Азербејџан и играла во главни улоги во неколку претстави. Таа глумела и во азербејџанските филмови Вереничкиот прстен, Човекот во зелени очила и Некролог.

Во моментов, Баширгизи предава глума на Државниот универзитет за култура и уметност на Азербејџан. Во 2009 година, таа го отворила театарот Башир Сафароглу во Москва, именуван по нејзиниот покоен татко.[1]

Афаг Баширгизи е омажена и има еден син.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Заслужна глумица, 1989 година[3]
  • Народен уметник, 1993 година[3]
  • Qızıl Dərviş (Златен дервиш), 1993, 2003 година[3]
  • Претседателска награда, 2010 година
  • Најдоброто од најдобрите, 2011 година[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Afaq Bəşirqızı“. Qadin.Net ~ İlk milli qadın portalı. Посетено на 2022-04-03.
  2. „www.quba-information.az“. web.archive.org. 2011-08-16. Архивирано од изворникот на 2011-08-16. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 „bakutoday.az - xəbərSİZ olmayın ! -Bu gün Afaq Bəşirqızının doğum günüdür“. web.archive.org. 2019-03-30. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Afaq Bəşirqızı "Yaxşıların yaxşısı" seçildi“. web.archive.org. 2011-11-20. Архивирано од изворникот на 2011-11-20. Посетено на 2022-04-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)