Прејди на содржината

Аушвиц

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Аушвиц-Биркенау)
Влезот во Аушвиц I. На вратата стои мотото типично за концентрационите логори на нацистите: „Arbeit macht frei“ (герм. „Работата ослободува“).

Аушвиц-Биркенау или само Аушвиц (герм. Auschwitz, пол. Oświęcim) — најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим бил дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјадници.[1]

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, и оваа проценка денес е општо прифатена.[2]. Од нив околу 90% биле Евреи од речиси сите земји во Европа.[3] Покрај тоа, биле убиени голем број Роми, политички неистомисленици и руски воени заробеници. Најголем дел од депортираните биле убивани во логорот Биркенау (познат и како Аушвиц II) со употреба на гасот Циклон-Б, но голем број починале и поради глад, присилна работа, болести и медицински експерименти. Телата на умрените биле кремирани, најпрво во крематориуми, а подоцна и во отворени јами.

Помеѓу 18 и 27 јануари 1945, поради наближувањето на советските трупи, Ес Ес евакуирал околу 60.000 затвореници од Аушвиц во други концентрациони логори. Црвената армија го ослободила логорот на 27 јануари 1945 г, и затекнале околу 7.000 затвореници.

Аушвиц како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. Gutman, Yisrael. "Auschwitz—An Overview" in Gutman, Yisrael & Berenbaum, Michael. Анатомија на логорот на смртта Аушвиц (англ.), Indiana University Press, 1994; this edition 1998, стр. 17.
  2. Piper, Franciszek; review of Meyer, Fritjof. "Die Zahl der Opfer von Auschwitz. Neue Erkentnisse durch neue Archivfunde", Osteuropa, 52, Jg., 5/2002, стр. 631-641.
  3. Piper, Franciszek Piper. "The Number of Victims" in Gutman, Yisrael & Berenbaum, Michael. Anatomy of the Auschwitz Death Camp, Indiana University Press, 1994; this edition 1998, стр. 62.
  4. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 57.
  5. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 97-99.